Минатата недела преку српскиот Курир изјави дека доколку влакно му фали од главата ќе падне владата на Заев.

Објавил: Валерија Петрова | 14 август, 2019 8:53

Заканувачка порака на Боки 13 од Шутка: Знам како крадат Заев и Харадинај!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Бојан Јовановски познат како Боки 13 се почесто почна да ги користи српските медиуми за да се огласи од затворот во Шутка каде тој се наоѓа поради големата афера „Рекет“ во која тој е првосоомничен, а второосомничен е Зоран Кичеец.

Минатата недела преку српскиот Курир изјави дека доколку влакно му фали од главата ќе падне владата на Заев.

Боки 13 преку српските медиуми упати уште една порака

„Ако ме убиете, ќе паднат и многу политичари, а тука мислам на Заев и неговата Влада. Имам докази против нив и државниот врв. Се е од прва рака. И се оставив на сигурно, кај мајка ми и на неколку други адреси. Ако нешто ми се случи, ако ме убиете, обесите и се осмелите тоа да го претставите како самоубиство, ако ме тепате, мачите, застрашувате, со убаво ви кажувам, да не биде после дека не сте знаеле. Во Македонија ќе се случи политички земјотрес. Ќе се отвори Пандорината кутија, никој нема да биде поштеден, само ако ми падне влакно од главата, рекол Бојан Јовановски, пренесува српски „Курир“.

Во утрешниот број на српскиот „Информер“ Боки 13 упатува уште една заканувачка порака.

Тој вели дека знае како краде Зоран Заев, премиерот на Македонија и Рамуш Харадинај, косовскиот премиер во оставка.

Приказната е во утрешниот број на српскиот дневен весник „Информер“, кој разговорот со Боки 13 го најавува на насловната страница.

Боки 13 и Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец кои се осомничени во случајот „Рекет“ вчера добија нови 30 дена притвор.

Тие се товарат за примање награда за противзаконито влијание, а Боки и за перење пари. Истрагата за случајот е во тек и се очекува дали ќе има нејзино проширување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

На новите маички кои се голем хит во Грција, стои Сонцето од Кутлеш пред и по Заевото брусење на капаците од шахтите.

Грците се пошегуваа на наша сметка: Носат маички со изгребаното Сонце од Кутлеш

Откако пред четири дена Владата донесе наредба за отстранување на сонцето од Кутлеш...

Како што беше објавено наводно во телефонот на Боки биле пронајдени и експлицитни фотографии од нивното интимно дружење. Порталот објави дека фотографиите сега се во рацете на истражните органи во Скопје, кои утврдуваат дали врската на водителот и српскиот политичар има врска со аферата Рекет.

Пронајдени СМС пораки, експлицитни фотографии и две видеа кои докажуваат дека Боки бил во врска со српски политичар?

Откако завчера српски Телеграф излезе со насловна страна на која стоеше дека Боки...

Како што објави српски Курир, наводно  Боки нагласил дека ако тоа не го направат во рок од три дена, ќе изнесе во јавност докази за нивната вмешаност во рекетирањето, односно вмешаноста во случајот Рекет за кој тој е првоосомничен и во моментот се наоѓа во затворот во Шутка.

Боки 13 бара преместување на психијатрија, се заканил со докази против Заев

Првоосомничениот за случајот Рекет Бојан Јовановски испратил порака до државниот...