Според ова болните лица ќе мораат сами да одат до аптека да ги подигнат потребните лекарства, односно во нивно име нема да може никој друг да ги подигне.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 септември, 2019 14:13

Заклучно од утре граѓаните ќе земаат лекови лично само со лична идентификација!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заклучно од утре осигурените лица од утре нема да можат да подигнат лекови за свој близок, односно стапува во сила одлуката граѓаните да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

Според ова болните лица ќе мораат сами да одат до аптека да ги подигнат потребните лекарства, односно во нивно име нема да може никој друг да ги подигне.

Заклучно од утре граѓаните ќе можат да земат лекови од аптека само лично со лична карта и пасош

Ваквата одлука на Фондот за здравство, за лекови издадени на рецепт не ја поддржа фармацевтската комора на Македонија.

Според одлуката од аптека треба да се подигнуваат лекови само лична карта или со пасош и тоа лично. Од фармацевстката комора велат дека тоа ќе создаде хаос во аптеките и нема да придонесе за контролата која сака да ја прави здравствениот фонд.

-Се поставува прашањето, дали сме смееме да им бараме лична карта или пасош на пациентите или лицата кои сакаат да земат лек во име на пациент. Второ, дали е ова контролен механизам на давање на терапиите од страна на лекарите или фармацевтите. Мислам дека посебен акцент треба да ставиме на описот на соодветната терапија за пациентот. Ова не е начин за контролира на издавањето лекови, било во аптеките, било од матичниот лекар, изјави претседател на Собранието на Фармацевтската комора Имер Имери, неодамна за Алсат М.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство