-Владеачката партија ги злоупотребува институциите за политички прогон врз неистомислениците. Законите не важат за Рашковски, Дудуш и послушниците на Заев.

Објавил: Валерија Петрова | 11 јули, 2019 9:38

„Законите не важат за Рашковски, Дудуш и послушниците на Заев“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

По сите скандали кои се случија во изминатиов период опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ ги злоупотреува институциите за политички прогон врз неистомислениците.

Интегрално соопштениетио на ВМРО – ДПМНЕ

-Владеачката партија ги злоупотребува институциите за политички прогон врз неистомислениците. Законите не важат за Рашковски, Дудуш и послушниците на Заев.

Македонија е единствена држава во Европа која што има политички затвореници кои се жртва на прогон на Зоран Заев.

На Заев не му е доволно да нарачува обвиненија против неистомисленици па сега се изживува врз нив.

Обвинителството и судството работат под диктат на Заев и СДСМ. Тоа најдобро го покажува и последниот случај каде што 8 обвинети во предметот Шпански скали се наоѓаат во притвор во истражниот случај со образложение дека ќе влијаат врз сведоците, а сведоците во досегашната постапка се уште не се изведени иако поминаа повеќе од десет дена.

Политичкиот прогон стана секојдневие.

Повеќе од 10 дена четири жени се наоѓаат во истражниот затвор Шутка осудени на нечовечки и нехуман третман. Тие се жртви на прогонот на Заев, а единствена нивна вина е што ги извршувале своите работни задачи и дале мислење за предмет кој е во нивна надлежност.

Димитар Димовски кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митовски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, се само дел од жртвите на заевизмот само поради тоа што ги обелоденија катастрофалните и криминални политики од страна на власта.

Власта со злоупотреба на органите на прогонот сака да ги заплаши сите слободномислечки граѓани.

Заев и неговиот криминален картел на власт се во паника поради слабиот рејтинг и знаат дека масовно ја губат поддршката од страна на граѓаните и со монтирани случаи ја дефокусираат јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш преиспитување на одлуките за притвор на сите осомничени лица. Судството и обвинителството мора да се ослободат од спрегите на Заев и СДСМ и да носат одлуки исклучиво врз доказите и фактите, а не според желба на деспотот Заев и неговиот криминален картел.

Со СДСМ и Заев на власт Македонија и граѓаните губат.

СДСМ и Заев наместо подобра иднина за граѓаните донесе само неправда, криминал и нечесност на секој чекор.

Правната држава во Македонија ќе се врати кога СДСМ и Заев ќе си заминат.На Македонија и се потребни промени, стои во соопштението

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Градежниот шут бил извлечен изминатиов викенд од членот на нуркачкит центар „Акватек“, Никола Паскали. Вреќата со плочки која уште мината година минатата година беше лоцирана на дното од езерото.

СРАМОТА: По кадата пронајдена и вреќа со плочки на дното на Охридско езеро

Дека сами си го уништуваме културното наследство, и нашите скапоцености говори и оваа...

До овој момент, немам информации дека Фрики и Кики, високи функционери во власта и во владејачката партија, одлучиле да преземат политичка одговорност за својата блискост со главниот актер на аферата за милионскиот рекет и да понудат соработка со јавниот обвинител. Ако го сториле тоа, нека ми простат за неинформираноста. Ако, пак, се оглушиле на мојот апел, ќе повторам – нивното одбивање да го сторат тоа објективно ја отежнува и ја забавува истрагата.

Героски со нови детали за “Рекет”: Белким не поверувавте дека онаа ботоксирана несреќа е главниот фраер во случајов

Иако беше најавено дека денеска во најновата колумна на новинарот и сопственик на...

Груби вели дека тоа е работа всушност на Советот на обвинител. Ова е забелешка на Артан Груби за предлогот на премиерот Зоран Заев обвинителката Вилма Рускоска да ја замени специјалната обвинителка Катица Јанева.

Груби: Не е работа на Собранието или Владата да одредуваат прв човек на новото обвинителство

Артан Груби, пратеникот на ДУИ истакна дека не е работа на Собранието или Владата...

- Денеска е 7-ми ден, ни помина цела недела како никој не знае каде е Катица Јанева. Спасовски се прави недоветен зошто би ја следел, а пред очи ни се случува најголемата криминално-политичка афера каде што Катица Јанева е директно вмрежена со првоосомничениот и второосомничениот. Имаме директни јавни признанија од обвинителката Вилма Русковска дека Катица Јанева контактирала со првоосомничениот Боки 13 за конкретниот рекет и се уште никој не знае каде е Катица Јанева, а не пак да биде приведена и сослушана, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес-конференција.

Заев е главата на октоподот: Русковска, ЗАев и Спасовски свесно и даваат простор на Јанева

Потпаролот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој изјави дека Заев,...