Поранешниот пратеник, премиер и претседател на СДСМ, Владо Бучковски, откако си го вработи синот во МЕПСО, со оценки за лошото работење на власта на Заев и прогнози за претседателските избори.
Бучковски заборавајќи дека по Заев тој е првиот премиер со кривична пријава и затворска казна, дели оценки за 2018 година и претстојните избори.
Постигнувањето на Преспанскиот договор ја одбележа 2018 година и направи голем исчекор кон стретешките цели на Македонија. Можевме да имаме подобар договор пред 10 или 15 години, но во дадените околности сметам дека нашиот преговарачки тим извлече максимум. – смета поранешниот премиер, Владо Бучковски.
Според него бегството на Никола Груевски е клучен настан по 19-ти октомври, кога Собранието со двотретинско мнозинство изгласа отворање на Уставот.
Бегството на Груевски создаде тензична атмосфера во правосудството каде што некои од осомничените од СЈО, а кои изминатиов период имаа примерно поведение, стануваат колатерална штета и условно речено дополнително страдаат.
Контроверзиите околу законот за амнестија можат да бидат тема на симпозиуми каде ќе ги анализираат правници, но од друга страна како политичар и човек кој гради имиџ на државник кој може да ги носи тешките одлики, а тоа е одлика на Заев изминава година, мислам дека е свесен дека за ова ќе плати политичка цена.
Но тоа е единствениот начин да ги обезбеди оние три пратеника кои се осомничени за немилите настани во 2017 година.
Станува јасно дека прагматизмот во овие моменти оди пред принципите на владеење на правото. Комплицирана ситуација, но ова е единственото можно решение – изјави Бучковски.
Тој прогнозира дека СДСМ ќе победи во првиот круг на претстојните претседателски избори со разлика од 100.000 гласа пред ВМРО – ДПМНЕ.
ВМРО – ДПМНЕ сега го испитува рејтингот на своите кандидат и таму не гледаме дека е профилиран кандидат кој однапред би имал сериозна поддршка.
Можно е по првиот изборен круг, кога би била разликата според мене повеќе од 100.000 гласа за кандидатот на СДСМ, затоа што сум убеден дека СДСМ ќе биде фаворит на овие избори, без разлика кој ќе биде кандидат од оние кои се споменуваат во јавноста, тогаш ќе биде голема дилемата кај ВМРО – ДПМНЕ дали да учествуваат во вториот круг за да биде исполнет цензусот.
Во спротивно тивкиот бојкот ќе значи рушење на претседателските избори. Варијантата на Владата дека имаат резервна опција да се отвора Уставот и да се бира претседател во парламентот, според мене е решение кое требаше да биде промовирано не како резултат на неуспешени претседателски избори, туку како решение кое одговара на Уставот и на приликите во Македонија – вели тој.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.