Министерката Дескоска во септември 2019 изјави дека донесувањето на Законот за обвинителство не е неопходно!

Објавил: Данаил Михајловски | 21 јануари, 2020 10:20

Законот за обвинителство пред тешки преговори

Фото/Текст извор: ©магазин

За денеска е закажана кратка средба за обнова на разговорите меѓу власта и опозицијата за новиот закон за обвинителство, помеѓу контакт лицата Бојан Маричиќ, советник на претседателот на СДСМ Зоран Заев и Тимчо Муцунски, советник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Двајцата советници ќе пробаат да ја усогласат динамиката на преговорите на работните групи, кои ги предводат Рената Дескоска и Антонио Милошоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ ни изјавија дека нивниот правен тим ја анализира на најновата, четврта по ред верзија на Законот за ЈО, што Министерството за правда им ја испрати пред три дена. Од СДСМ пак очекуваат во среда да им бидат испратени конкретни позиции и забелешки од најголемата опозициска партија. ДУИ во принцип се согласува со предлогот даден од нивниот коалиционен партнер СДСМ. Според брифингот од извор близок до СДСМ за нив најбитно во предлогот-законот е тоа што сите надлежности на СЈО одат во рацете на Вилма Русковска, како и потребата на сите обвинители на Катица Јанева да им се обезбеди вработување на повисоки позиции во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Рената Дескоска, како министер за правда во владата на СДСМ, го почна проектот за нов закон за обвинителство уште во Февруари 2019 година. Засега без потребниот успех.

Разговорите претходно беа во застој со месеци, но по посетата на новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархељи и неговите препораки да се поработи на оваа тема, од владата веднаш се корегираа и ја предложија последната верзија на Законот за обвинителство. Инаку, министерката Дескоска во септември 2019 година, откако обвинителот Јовески ги превзеде предметите од притворената Катица Јанева, изјави дека донесувањето на Законот за обвинителство не е нешто што е неопходно.

Заев вчера, откако Мицкоски го одби за средба, истакна дека се откажал од намерата за директна средба со Мицкоски и дека работи на тоа да обезбеди двотретинско мнозинство, односно поддршка од најмалку 80 пратеници за изгласување на законот. Сепак, останува констатацијата дека за тоа треба да ја ибеди и независната пратеничка група која беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ, но во таа пратеничка група постојат различни мислења. Според извори од Собранието, најмалку двајца пратеници од оваа независна пратеничка група веќе не се расположени да му прават услуги на претседателот на СДСМ и да ги гласаат законите на собраниското мнозинство.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Тој има добра волја, но јас мислам дека кај тие што го испраќаат нема добра волја. Зашто за 3,5 години не направија ништо и сега се надеваат на компромис од бугарска страна. А тоа нема да се случи.

Каракачанов пред средбата со Бучковски: Тој има добра волја, но оние кои го испраќаат немаат

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во изјава за медиумите...

Тој исто така потенцираше дека случајот „Рекет“ е јасна последица од огромниот пораст на корупцијата во земјата и додаде дека таквата состојба единствено може да се реши со јасна политичка волја односно дека криминалците мора да одговараат.

Николоски: Со случајот „Рекет“ се покажа дека само небото е граница за корупција во Македонија

Потпретседателот на ВМРО- ДПМНЕ Александар Николоски во гостување на „Радио Лидер“...

Барањата за екстрадиција, како што додава, се постапки со странски држави кои секогаш го имаат последниот збор во поглед на екстрадицијата.

МАРИЧИЌ: Не се откажуваме од екстрадиција на Груевски, до пролет и 10 судници за онлајн судења

До крајот на март ќе бидат опремени 10 судници во пет основни суда во земјата за одржување...