Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајкл Пенс испратил писмо до претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во кое му изразува уверување за неговата континуирана поддршка во овој важен момент за земјата.
Во писмото, соопшти владината прес служба, потпретседателот Пенс пишува дека му претставувало чест да се сретне со премиерот Заев на 20 септември во Белата куќа во Вашингтон и дека ја цени можноста заеднички да разговараат за спроведувањето на историскиот договор од Преспа со Република Грција.
Во своето писмо потпретседателот Пенс ја истакнува неговата благодарност за покажаното лидерство во постигнувањето на договорот и нагласува дека 90 отсто од оние што гласаа на референдумот го одобрија договорот од Преспа и со тоа ја потврдија огромната посветеност за европската иднина на Република Македонија.
– Соединетите Американски Држави ја споделуваат вашата посветеност за поголема сигурност и стабилност на регионот. Бидете уверени во мојата континуирана поддршка во овој важен момент за вашата земја, пишува потпретседателот на САД во своето писмо до премиерот Заев, и истакнува дека во наредниот период очекува натамошно јакнење на пријателството меѓу двете земји.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.