
Македонија
Образование
Работна група во Министерството за образование и наука (МОН) периодов на големо работи на подготовка на нов вид тестирање кое треба да го замени екстерното. Основците ќе бидат дел од ново, т.н. национално тестирање, открива за Деца.мк заменик-министерот за образование Петар Атанасов.
Според него, се планира учениците да бидат тестирани двапати во текот на основното образование. Едното тестирање треба да се спроведе во четврто одделение, а другото во деветто одделение.
Ова е модел кој веќе се применува во Словенија. По ова прашање веќе правиме конкретни чекори. Разговарав со директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) и за проекциите во однос на проверката на објективноста на оценувањето на наставниците. Ќе има национално тестирање и евалуација. Користиме странски искуства. Голем тим од МОН ја посети Словенија и сериозно се посвети на ова. Национално тестирање ќе има барем во две училишни години, по примерот на Словенците. Таму се спроведуваат вакви тестирања во две училишни години од основното образование. Тестирањето целосно ќе го спроведе ДИЦ, а веќе има и комисија, која има работна програма. Прашањата на кои ќе одговараат децата ќе бидат од адаптираниот материјал – објаснува Атанасов.
Учениците да бидат спокојни – резултатите нема да влијаат врз успехот

Од 2006 година е член на Научниот борд на Центарот за европски и ориентални студии на Универзитетот во Болоња. Од 2008 до 2010 е визитинг професор на Универзитетот Американ колеџ-Скопје. Од 2012 година е член на Бордот на научното списание Политичко однесување и за политички анализи од Букурешт на Југоисточна Европа.
Тој потенцира дека резултатите од тие тестови нема на ниеден начин да влијаат врз учениците и врз наставниците.
Екстерното тестирање беше укинато зашто беше лош проект. Анализите за екстерно никогаш не го виделе светлото на денот, не се знае зошто тоа беше спроведувано и во практика не донесе никаков квалитет. Ние не сакаме никого да плашиме. Ние сакаме резултат. Сакаме да знаеме какви резултати имаме и согласно нив, да знаеме што да исправаме. Родителите, учениците и наставниците не треба да се грижат затоа што нема да има споредување на оценки, нема да има последици врз нив. Намерата е само да се провери што имаме во системот за да можеме да го подобруваме. Тие резултати ќе ги користиме за креирање идни политики, да видиме каде е потребно да се движиме понатаму. Нема да има казни за наставниците. Сè уште сето ова е во почетна фаза – појаснува заменик-министерот.
Петар Атанасов од редовите на СДСМ до пред скоро си поднесе оставка од функцијата пратеник, на која беше избран од граѓаните.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.