Сакам да потенцирам дека вакцинацијата е доброволна и сите кои што сакаат да се вакцинираат мора да пополнат формулар за вакцинација во кој ќе изразат желба и согласност за вакцинација.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 февруари, 2021 19:41

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ Д-Р ХАСАНИ: ГИ ОХРАБРУВАМ СИТЕ ГРАЃАНИ ДА ГО СЛЕДАТ ПРИМЕРОТ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според планот за имунизација против КОВИД-19, од вчера во модуларната болница на КИБФС во Скопје, започна вакцинација на здравствените работници од Итна Помош, Центрите за јавно здравје, епидемиолозите од ИЈЗ, од лабораториите кои работат со ковид пациенти и од ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ.

Заменик министерот за здравство д-р Илир Хасани кој настрана од неговото делување како заменик министер е хирург, се вакицнираше заедно со неговите колеги од хирургија за кои вакцинацијата беше закажана денеска.

„Заедно со моите колеги од Клиниката за трауматологија и ортопедија, како активен дел од медицинскиот персонал, кој во ниеден момент не сум се одвоил од професијата за да се заштитам себеси и моите пациенти, денеска се вакцинирав против Ковид 19 и тоа со првата група на здравствени работници.

Сакам да потенцирам дека вакцинацијата е доброволна и сите кои што сакаат да се вакцинираат мора да пополнат формулар за вакцинација во кој ќе изразат желба и согласност за вакцинација.

Ги охрабрувам сите граѓани да го следат примерот на здравствените работници и да се вакцинираат.” – вели заменик минстерот д-р Илир Хасани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.