Византиски игри во Грција. Дилемата е дали Каменос има намера да ја руши Владата на Ципрас или Преспанскиот договор.?

Објавил: Едмонд Бекири | 13 јануари, 2019 12:48

Замина Каменос, почна сценариото за рушење на владата на Ципрас?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

» Ја прифатив оставката на министерот за одбрана – изјави Ципрас пред новинарите, истакнувајќи дека соработката на нивните партии успеа да ја води Грција од програмите за меморандуми, истовремено поддржувајќи ги сиромашните слоеви на општеството и отворајќи пат за борба против корупцијата.

Цели четири години имавме фер партнерство … иако бевме од различни политички семејства, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас, коментирајќи ја соработката на неговата партија со независните Грци (АНЕЛ) и нејзиниот водач Панос Каменос, по денешната одлука на Каменос за повлекувањето на неговата партија од коалициската влада.

Тој му се заблагодари на Каменос за неговиот “незаменлив” придонес во ова време.

Ципрас објави дека веќе контактирал со претседателот на грчкиот парламент и побарал од него да започне постапка за гласање доверба на владата, за да може да го заврши својот мандат што му истекува во октомври 2019 година.

Според извори на кои се повикува грчката агенција Ана-мпа, процесот околу гласањето доверба на грчката влада би започнал во вторник, а би финиширал во четврток, кога ќе биде јасно дали Ципрас го има мнозинството за опстанок на неговата влада и за ратификација на Спогодбата од Преспа.

Ако продолжи и се изгласа Договорот од Преспа од страна на поранешната југословенска Република Македонија, јас ќе си дадам оставка од Министерството за национална одбрана, преземајќи ја целата тежина на оваа одговорност.
Ќе се повлечам од Владата. – рече Каменос од грчкиот град Лариса, во неговото обраќање во седиштето на воздухопловните сили и објасни дека како политички шеф на армијата, обврзан е да преземе одговорност и во однос на националните прашања.

Токму донесувањето на уставните измени во македонскиот парламент, беше главна причина Каменос да ја напушти коалиционата влада, бидејќи уште претходно изјавуваше дека за него спогодбата од Преспа е неприфатлива.

На 13 Декември Магазин објави:

» Сфаќате дека постојат некои прашања кои се „црвена линија“ за нас и не можам јас, како политички шеф на вооружените сили, но и поради позицијата што јавно ја зазедов од почетокот на мојата политичка кариера, да прифатам да останам министер за национална одбрана и во исто време, да потпишам за предавањето на терминот „Македонија“.

Јас никогаш нема да го сторам тоа.

Ќе се борам, со сета моја сила, да сфатат сите, а особено странците, дека Грција ја има сета добра волја да се најде решение. Ние не сакаме војна со никој, но сакаме да сфатат дека со една пропаганда што започна од времето на Мусолини и Тито, не можат да ја оспорат историјата на грчката Македонија. – рече Каменос

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Појасни дека колку двете земји се поблиску до европскиот пат, толку повеќе се дава можност на Грција во рамките на процесот на преговори со Унијата да се справи со проблемите што ги има на билатерално ниво.

Мицотакис: Резултатот од Самитот не е добар ни за Грција!

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес-конференцијата во Брисел за...

За потсетување, Раперот Далибор Андонов Гру (46) загина на 11 септември околу 3:30 кога при кајтбординг паднал во Дунав. Телото на пејачот со чамец на брегот го извадиле неговите пријатели во наутичкиот клуб Земун. Тие повикале Итна помош, меѓутоа, таа само можела да констатира смрт.

40 дена од смрта на Гру: Го прегрна крстот и заплака на цел глас – тажан е сликата на белградските гробишта

Навршија 40 тажни денови откако трагично настрада Далибор Андонов Гру, а сопругата...

Како што дознава српски Блиц, Виолета имала и на главата расекотини и убодни рани, па се претпоставува дека Душан ја сечел и ја забодувал и откако и ги задал смртоносните убоди.

НЕ САКАЛ ДА ЈА ПРИФАТИ РАЗДЕЛБАТА:Душан до СМРТ ја избодел Виолета, па продолжил да ја КАСАПИ и кога го испуштила последниот здив

Душан Петронијевиќ (34) кој ја уби својата девојка Виолета Јосиќ (19) во нејзината куќа...

Како Господ бог ве молам луѓе, слушнете ме што ви велам. Тие нема да ни дадат поделба, никој нема да ни даде ништо. Ако некој ни понуди нешто, јас тоа ќе го зграпчам! Јас нема да ве лажам како некои, изјави Александар Вучиќ.

Вучиќ: Америка нема да го промени својот став, нема да ни дадат поделба на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на ветропаркот во Мермер кај...