Свет
Балкан
Цел Балкан на едно место. Шабан Шаулиќ погребан со звукот на хармоники од неговиот хит, и со реки солзи од неговата фамилија како и многу познати личности кои дојдоја да се опростат од великанот на народна музика. Последен од Шабан се прости неговиот син Михајло кој им се заблагодари на присутните а потоа Шабан беше испратен со громогласен аплауз што е непознато на овие простори.
Во капелата потресен говор со солзи во очите држеше и Зорица Брунслик неговата кума. » Ми велеше, кумо ајде да одпееме една од нашите песни од широкиот репертоар рече Зорица, а сега куме, сега со кого да ги пеам јас нашите песни куме, говореше Зорица целата во солзи, опростувајќи се од Шабан.

Сите се обидуваа да дојдат до гробот на Шабан, а Гоца неговата сопруга видно вознемирена и тажна го допре Шабановиот сандук кој после го спуштијиа во земја. Почна да се свири и песната „Не плачи душо„ а последната желба од Шабан била токму таа песна да му ја отсвири Мирко Кодич кога еден ден же умре.
Михајло и неговата вереница ја држеа Гоца да не падне бидејќи била во многу лоша состојба и под седативи.
Со солзи во очите беа и многу од присутните и многумина од нив сеуште се во неверување дека замина кралот на народната музика на само 67 години. Потресени се и многу музички звезди, дојде и Дарко Лазиќ кој пред извесно време беше самиот на ивицата на смрта, и Аца Лукас беше исто на погребот на великанот како и многу други.
Шабан Шаулиќ нема да остане во сеќавање само по неговиот ангелски глас, Шабан ќе осане запамтен и по неговта добрина и смиреност а со тоа покажуваше колку е голем човек.
И Роберт вонбрачниот син од Шабан дојде на последното испраќање на неговиот татко. Роберт е син од Шабан пред да се запознат со Гоца. Роберт сакаше да остане неприметен меѓу масата на луѓе но солзите и тагата по негвиот такто го издадоа.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Балкан
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.