Силен земјотрес во Турција!

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 февруари, 2021 16:50

ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА ТУРЦИЈА ГО ПОГОДИ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: Почуствуван и на грчките острови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Земјотрес со јачина од 4,7 степени го потресе крајбрежјето на западна Турција.

Западниот дел на Турција утрово се затресе неколку пати, а беше почуствуван и на грчките острови.

Првиот земјотрес беше со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала и го погоди Измир.

Веднаш потоа се почувствува уште еден силен земјотрес со јачина од 4,9 степени близу грчкиот остров Лезбос, а минута подоцна уште еден со јачина од 4,8 степени.

После час и половина, на 46 километри југозападно од Лезбос, регистрирани се шест земјотреси со јачина од 2,9 до 4,9 степени.

Засега нема информации за повредени или материјална штета!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Земјотресот се случил во централна Хрватска, на 60 километри од Загреб, објави Сеизмолошкиот институт на Србија.

НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ХРВАТСКА: Граѓаните во паника, се почуствува и во Белград

Нов земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска нешто...