Во меѓувреме регионалните медиуми објавија дека станува збор шверцерски канал преку кој требало 1,3 тони кокаин да се префрлат прво во Словенија, па понатаму во европските земји.

Објавил: Стојче Бушин | 21 февруари, 2020 6:56

Запленетиот кокаин бил дел од поголемо количество дрога со потекло од Kолумбија

Фото/Текст извор: ©Канал 5

Кокаинот кој вчера вечерта бил откриен во селото Крушопек бил сокриен во пратка со банани со потекло од Колумбија, објави Канал 5.

Станува збор за еден килограм, кој бил само дел од поголема количина чија крајна дестинација била Македонија, кажа министерот за внатрешни Наќе Чулев.

Пратката во државава влегла вчера околу 9 часот на граничниот премин Ќафасан кај Струга во товарно возило со приколка  управувано од 31 годишен црногорски државјанин, кој откако ги завршил царинските формалности се упатил кон селото Крушопек, а краен примач на пратката со банани била фирмата “Банекс Компани”.

Во полициската акција се приведени четворица, од кои еден црногорски државјанин. 

Во меѓувреме регионалните медиуми објавија дека станува збор шверцерски канал преку кој требало 1,3 тони кокаин да се префрлат прво во Словенија, па понатаму во европските земји.

Откако возилото пристигнало таму полициски службеници  извршиле претрес во магацински простор, каде што биле затекнати сопственикот на фирмата, неговиот син и едно вработени лице кои вршеле истовар. Кокаинот бил пронајден во правоаголно пакување со зелена трака во еден од пакетите со банани. Чулев истакна дека во текот на наредните денови ќе излезе точната количина која била наменета за државава, каде се поминувал каналот и сите други информации.

Во интерес на истрагата, техничкиот министер рече дека не може да даде повеќе информации.

,,Покрај овие меѓународни активности, Министерството за внатрешни работи ќе преземе активности за утврдување на останати правни или физички лица кои се во корелација со конкретното правно лице, а би можеле да бидат вклучени во оваа нелегална активност. А, дополнително во текот на денот ќе биде започната и финансиска истрага кон конкретниот правен субјект и физичките лица.

При претресот биле одземени и мобилни телефони, парични средства, како и 1.098 пакети банани,и возилото „Ивеко“. Првичните проверки на МВР укажуваат дека фирмата која е увозник, претходно во 120 наврати извршила увоз на овошје, во најголем дел од Колумбија и во помал дел од Евкадор.

Во меѓувреме регионалните медиуми објавија дека станува збор шверцерски канал преку кој требало 1,3 тони кокаин да се префрлат прво во Словенија, па понатаму во европските земји.

Според албанските медиуми, пратката од 124 тони бананаи била натовраена на мексиканското пристаниште Веракруз патувала до Бар во Црна Гора, според пишвуањата таа требало да пристигне во Копер Словенија, но од непознати причини дестинацијата била сменета и кокаинот завршил во Крушопек. 

Рутата по која се шверцувал кокаинот кој вчера беше запленет, според албанските медиуми, прво била  минувала низ по потекло од Колумбија, била Црна Гора и Албанија, преку граничниот премин Ќафасан.

Според пишувањата, операцијата почнала пред три месеци, а освен македонската, се вклучени и италијанската, црногаорската полиција како и американската ДЕА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата, порача Спасовски.

Од утре вечер се воведува полициски час во Република Македонија!

Од утре во Република Македонија се воведува полициски час, соопшти премиерот Оливер...

Вонредна состојба се прогласува за 30 дена, а доколку не помине опасноста таа се продолжува секои наредни 30 дена од страна на претседателот на Републиката, рече Каракамишева.

КАРАКАМИШЕВА: Што е разликата меѓу кризна и вонредна состојба?

Професорката по уставно право, Тања Каракамишева на Социјалните мрежи објасни што...

Состојбата сега е таква што не е само епидемија во прашање, туку нешто итно, светска пандемија. Нашиот Устав предвидува како да се постапува во конкретни ситуации, но од друга страна, нуждата ги менува законите.

Вонредната состојба трае само 30 дена, треба да се размисли за враќање на Собранието

Поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, за Слободен печат, потенцира...

Грешка во говорењето, а не во процедурата. Вака спикерот Талат Џафери ја објаснува забуната при донесувањето на Законот за Советот на јавни обвинители.

ЏАФЕРИ: Не е крај на светот дека згрешив – во три години и јас имам право за згрешам

Џафери е дециден дека иако од собрансиката говорница најави двојно гласање за законот...