Тој порача дека на средбата ќе се дебатира 3 клучни прашања:

Итен прекин на огнот
Примирје
Хуманитарни коридори за евакуација на цивили од уништени или постојано гранатирани села/градови.

Објавил: admin@magazin | 3 март, 2022 17:09

Започнаа преговорите Украина-Русија – ќе се разговара за три клучни прашања

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Започнаа преговорите меѓу Украина и Русија.

Ова на својот Твитер профил го објави советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак кој сподели и фотографија од средбата.

Тој порача дека на средбата ќе се дебатира 3 клучни прашања:

  1. Итен прекин на огнот
  2. Примирје
  3. Хуманитарни коридори за евакуација на цивили од уништени или постојано гранатирани села/градови.

Русија и Украина ќе разговараат за прекин на огнот на вториот круг од разговорите кои треба да се случат денеска, додека руските воени сили продолжуваат да го бомбардираат Харков и држат под опсада две украински пристаништа. Втората рунда разговори со цел да се стави крај на борбите треба да се одржи во западниот белоруски регион Брест, но мали се очекувањата дека најде заеднички јазик меѓу двете страни.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски за Ројтерс и Си-Ен-Ен изјави дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да започнат значајни разговори за прекин на огнот. Одржувањето на уште една рунда разговори доаѓа откако изолацијата на Москва се продлабочи кога повеќето земји во светот се „построија“ против неа и побараа да се повлече од Украина, а обвинителот на Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за воени злосторства.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.