На овој голем празник, Св. Архангел Михаил, започна асфалтирањето на паркингот на Лешочкиот манастир, Општина Теарце, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милески!
Со оваа инвестиција, манастирот ќе биде подостапен за сите верници, добронамерници, туристи, љубители на манастирскиот туризам.
Благодарение на Владиката Полошки г. Јосиф, разбирањето на градоначалникот на Општина Теарце, Исен Асани кој до Министерството за локална самоуправа, Биро за рамномерен регионален развој, достави проект за поттикнување на туризмот во општината, се овозможи реализацијата на овој важен проект.
Со сопствени средства учествува и манастирот.
Поддршката и развојот на алтернативниот, зимскиот, летниот, планинскиот, манастирскиот, адреналинскиот туризам, се важни за развој на економијата и развојот на планските региони во државата, изјави министерот!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.