Доаѓа она време од годината кога сите се сплотуваме, почнува ракометната треска, Светското првенство 2019. Да навиваме за Македонија!

Објавил: Перо Милчин | 11 јануари, 2019 15:08

Започна Македонското ракометно лудило во Минхен

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Македонското навивачко лудило го обзема Минхен. „Фалангата“ се собира пред салата и веќе се загреа за првата пресметка на Кире Лазаров и соиграчите против селекцијата на Јапонија, од 15.30 часот.

Денес почнува Светското ракометно првенство коешто оваа година се одржува во „најракометните“ земји во светот – Германија и Данска. Повторно нѐ фаќа еуфорија и возбуда.

Влегуваме во „ракометната треска“ која барем за момент ќе ни го одвлече вниманието од секојдневието.

Македонските навивачи спремни. На Мундијалот во Германија и Данска нашите момци ќе бидат сместени во групата Б, каде што задачата за пласман во наредната рунда на светскиот ракометен собир воопшто нема да биде лесна, затоа што ќе имаат квалитетни ривали.

“Со години наназад нашата машка ракометна репрезентација е главен „виновник“ за гордоста што ја чувствуваме со секој гол, секоја победа на врвните ракометни настани. Тимот е составен од професионалци кои играат за најдобрите европски екипи, идоли на многу млади во земјава, пример за истрајност и спортски дух… Раул Гонзалез на Светското првенство ќе води подмладен тим,кој ќе се бори со европскиот првак Шпанија, секогаш незгодната Хрватска, редовниот ривал Исланд, како и азиските селекции Јапонија и Бахреин, за кои се вели дека се „меч со две острици“.

Со вакви противници, бодрењето на нашите ракометари од трибините во Минхен ќе биде голем поттик за победа. Почнува ракометната треска, Светското првенство 2019.

Да навиваме за Македонија!

НАПРЕДДДДДД МАКЕДОНИЈААААА…

 

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Со оваа победа Македонија, веројатно, го обезбеди четвртото место и ги остави зад себе Бахреин и Јапонија освен, се разбира, некој од нив не направи чудо против фаворитите.

Македонија воскресна! „Смачкан„ Бахреин, Македонија е жива!

Македонија се радува на победа и во вториот натпревар од Светското првенство во Германија...

Капитенот на Вардар Стојанче Стоилов вчера остро реагираше на друштвените мрежи, по повод одлуката за Уставни измени за преименувањето во Северна Македонија.

Стојанче Стоилов: “За мене секогаш ќе биде Република Македонија!”

Македонскиот ракометен репрезентативец,Стојанче Стоилов кој е познат по цврстиот...

Оваа година наградата за ИХФ Фотографија на Годината му припадна на Денис Дуковски, македонски фоторепротер, кој фотографира за македонскиот бренд Вардар.

ПОБЕДНИЧКА ФОТОГРАФИЈА : Македонија ја има најубавата фотографија во светот!

Веќе неколку години наназад, Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) одржува...