Скринингот во градинките почна на 13 мај и со него се опфатени околу 2.000 вработени. Целта е изготвување на протоколот за работа на градинките за нивно ставање во функција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 мај, 2020 9:56

Започна скринингот на вработените во градинките-ОД КОРОНАВИРУС ЗАБОЛЕНИ ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ !

Фото/Текст извор: ©миа.мк

Двајца позитивни на Ковид-19 се откриени досега во скринингот на вработените во градинките.

До вчера, според објавената статистика на Министерството за здравство, направени се 1340 тестови во градинките, а само во изминатото деноноќие 209. Потврдени се двајца заразени, еден во Битола и еден во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Скринингот во градинките почна на 13 мај и со него се опфатени околу 2.000 вработени. Целта е изготвување на протоколот за работа на градинките за нивно ставање во функција.

Министерот за здравство Венко Филипче неделава најави дека се работи на протоколот за згрижување на децата во градинките и оти разменуваат детали Комисијата за заразни болести и тимот од Министерството за труд и социјална политика.

Не прецизира кога кога се планира отворање на градинките, но кажа дека целиот процес ќе биде искоординиран со враќањето на родителите на работа.

Градинките во земјава се затворени од 10 март со владина одлука поради пандемијата на Ковид-19. (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

На состанокот e констатирано дека пред државава и граѓаните се нови историски можности, коишто се гледаат во евроинтеграцискиот процес и во економскиот развој и во таа насока е пренесена цврста поддршка од Канада и за евроинтеграциите и за унапредувањето на економијата!

Средба Заев-Чаба: Пред граѓаните и државата се нови историски можности во евроинтеграциите и економијата

Премиерот Зоран Заев имаше средба со Катлин Чаба, амбасадорка на Канада, која го завршува...

Како што информираа за Слободен Печат, оваа метода за која од ГАК тврдат дека се подготвени, требало да започне уште од минатата година но било одложено поради пандемијата.

ГАК најавува: Наскоро абортусот ќе се извршува со таблетки

Откако медикаментозниот абортус минатата година беше ставен во Законот за прекинување...

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски попладнево го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата.

Ѓорѓија Сајкоски е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Сајкоски доаѓа на местото на Игор Јанушев, кој си замина од оваа функција  наброзо...