По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот.

Објавил: Владо Марин | 25 август, 2021 10:41

Започна уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утрово, на клиниките за Кардиохиругија и Урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор.

По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот.

Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот и ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани.

Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 сетина години кои се на дијализа.

Почнувајќи од мај 2020 до сега извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега, 1 коскено ткиво.

На моите колеги од КАРИЛ, Клиниката за каридохирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за кардиологија, Институтот за тансфузиона медицина и Институтот за радилогија, им посакувам успешна работа. Сочувство до семејството на 42 годишната пациентка и неизмерна благодарност за нивната хуманост и добрина, рече Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Актуелната состојба и растот на бројот на позитивни случаи на ковид ќе биде тема на состанокот на Комисијата за спречување заразени болести в петок.

Нови 411 позитивни на ковид, нема починати

Во последните 24 часа регистрирани се 411 нови случаи на позитивни на ковид-19 од направени...

Истражувањата покажале дека боровинките го забавуваат процесот на стреење, ја запира почетната фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот и помага во контролата на дијабетесот.

БОРОВНИЦА- Лек против шеќерна болест, ја запира почетната фаза на карцином

Боровница — познато растение како народен лек против шеќерна болест, толку е делотворна...