-И Мицкоски и Заев веќе го потврдија учеството во дебатата, која ќе трае два часа.

Објавил: Перо Милчин | 24 февруари, 2020 21:22

ЗАПОЧНУВА БОРБАТА- МИЦКОСКИ И ЗАЕВ ВО ПЕТОК ОЧИ ВО ОЧИ: Дуел на деценијата на Канал 5

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во петок, во 18:30 на Канал 5, екс премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го имаат првото предизборно соочување во „Дуел за вистината“.

-И Мицкоски и Заев веќе го потврдија учеството во дебатата, која ќе трае два часа. Најавуваме динамична емисија, во која двајцата претенденти за иден премиер ќе имаат еднакви можности да ги кажат своите ставови, но и да реплицираат на ставовите на политичкиот противник.

Ова соочување, ќе биде прво по минатогодишниот „Дуел на деценијата“, а ќе се дебатира на сите актулени теми од домашната и надворешната политика, со посебен фокус на економијата, информираат од Канал 5.

Откако минатата недела Заев организираше марш за правдата и Мицкоски го повика членството и сите граѓани утре на протест во 18 часот кој би почнал пред Обвинителството а би завршил пред Врховниот суд.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва побара одговорност од поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев по вчерашната објавена аудиоснимка на кој тој зборува за Законот за јавно обвинителство и Врховниот суд.

Мицкоски го повика членството и сите граѓани утре на протест во 18 часот кој би почнал пред Обвинителството а би завршил пред Врховниот суд.

„Значи освен премиер бил и судија, но и обвинител. Заспаното обвинителство за сето ова молчи. Молчи затоа што е во скутот на истиот кој диктира пресуди и ја убива правдата. Иако сите надлежни молчат, ВМРО-ДПМНЕ и народот нема“, истакна Христијан Мицкоски.

Стравот и паниката од одговорност на ВМРО-ДПМНЕ ескалираа. Аберот од Будимпешта пристигна. Христијан Мицкоски, извршителот на Груевски утре ќе маршира за неправда. Откако не им успеа обидот преку блокади, закани и уцени во Собранието да го закочат процесот на Законот за јавно обвинителство Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сега ќе протестираат против правдата“, додаде Костадин Костадинов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Потребно е градоначалникот Константин Георгиески да “собере храброст” и да си ја врши работата за која е избран и да ги почитува правниот поредок на Република Македонија.

ЛЕВИЦА: Градоначалникот на Охрид да собере храброст да ја врши работата за која е избран!

Несреќната изјава на градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески,...

Вирусот не е шега, туку заедничка нова битка на Македонија која мора заедно да ја победиме. И сакам тука неколку збора за политичкото милје со кое се дочекува пандемијата во земјава.

Мицкоски со отворено писмо до власта: Заедно ќе ја победиме оваа битка, затоа што ја сакаме Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати отворено писмо по повод коронавирусот...

Мојот начин на заштита треба да биде сечиј начин на заштита. Јас сериозно ги следам препораките за чување на нашето јавно здравје.

Давкова со маска и ракавици во емисија: Мојот начин на заштита бил пропаганда, сум била смешна!

Вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова гостуваше во ТВ Алфа каде што зборуваше...