Пензиите за граѓаните кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата!

Објавил: Стојче Бушин | 19 јануари, 2021 20:49

ЗАПОЧНУВА ЗАБАВАТА: Рестораните повторно ќе работат до 21:00 часот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на Република Македонија на денешната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и другите угостителски објекти согласно која од 21 јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот.

Со одлуката од денешната седница се враќа работното време на овие објекти утврдено со претходната одлука, односно тие ќе можат да работат до 21:00 часот, со исклучок на рестораните и другите угостителски објекти на аеродромите, на бензинските пумпи и во хотелите кои од 21 јануари ќе можат да работат со редовното работно време согласно законот.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот ќе бидат повисоки и тоа најниските пензии за 134 денари, а просечната пензија ќе биде повисока за 185 денари и со нив ќе можат да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2021 година.

Пензиите за граѓаните кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.01.2021 година (вторник);
  • За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплата да се изврши на 27.01.2021 година (среда);
  • За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплата да се изврши на 28.01.2021 година (четврток), и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.01.2021 година (петок).

На оваа седница Владата ја разгледа и усвои „Информацијата со Предлог план за преземање на нераспоредените административни службеници од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, вработени преку К5 програмата“.

Согласно Планот кој денеска беше усвоен, опфатени се вкупно 1.349 вработени по К5 програмата кои ќе бидат распределени на конкретни работни задачи во 237 институции.

Целта на Планот е вработените да бидат распоредени во друга институција од јавен сектор во соодветно место на исто ниво односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација  на работни места во институцијата во која се распоредува.

При изработка на планот земена е во предвид моменталната состојба на соодветна и правична застапеност на етничките заедници во институциите кои треба да преземат вработени, потребата од зголемување на бројот на човечки ресурси во тие институции, како и моменталните слободни работни места во тие институции.

На денешната седница Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија со цел да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија.

Предлог листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата усвоена одлука од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19, се изготвени од страна на Стопанската комора на Македонија по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија.

Со оваа одлука компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година кои во 2019 година изнесуваа 162,4 милиони евра со цел да се зголеми извозната конкурентност на преработувачка индустрија.

Владата денеска ги утврди текстовите на Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта и на Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, заради усогласување со законските решенија во Законот за употреба на јазиците, како и од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот ,,Република Македонија“ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија.

Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, како и Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија во редовна постапка.

На оваа седница министрите во Владата го утврдија Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации.

Целта на измените и дополнувањата на Законот за електронските комуникации е да се ограничи, забрани и/или наметне специфични барања и услови базирани на процена на ризик, во однос на снабдувањето, употребата и работењето на опремата за електронските комуникациски мрежи, со цел да се обезбедат „чисти и безбедни електронски комуникациски мрежи“.

Измените и дополнувањата на Законот ги земаат предвид и безбедноста на критичните и чувствителни делови на електронските комуникациски мрежи, безбедност на самата опрема или околината (употреба, интерконекција итн.), ризикот од инволвирање на трета земја во ланецот на снабдување на опрема за електронските комуникациски мрежи, ризик од голема зависност од еден добавувач и производител на ниво на оператор на национално ниво, како и да се елиминираат ризици за националната безбедност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Друштвото во Стајковци било многу поголемо од приведените, но многумина успеале да избегаат во моментот кога полицијата влегла во објектот.

Приведени Миленко, Александар Пандов и Владимир Панчевски, пред полноќ биле во кафеана во Стајковци

Полицијата синоќа привела дваесетмина луѓе кои во кафеана во скопско Стајковци не...

Тој рече дека само со владеење на правото може да се спроведат реформите и во другите области, со цел рамноправност со развиените земји.

Премиерот Заев за случајот Таргет-Тврдина: Испратена е пораката дека системот функционира

„Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем“,...