Тоа значи дека во 3 часот ноќта стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот така што ќе се спие еден час повеќе.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 октомври, 2019 9:07

Започнува зимско сметање на времето: Во сабота кон недела ги поместуваме стрелките на часовникот за еден час понапред!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ноќта меѓу сабота и недела, односно меѓу 28 и 29 октомври почнува зимското сметање на времето со што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад.

Во 3 часот ноќта стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот така што ќе се спие еден час повеќе.

Зимското сметање на времето секогаш почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.
Преминувањето на летно и зимско време за првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, главно на северната хемисфера.
Стрелките на часовникот не се поместуваат секаде во светот во исто време. Така, САД и Канада во 2007 година воведоа зимското сметање на времето да почнува во првата недела во ноември и да завршува во втората недела во март.

Поместувањето на времето во поголемиот дел случаи се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа.
Русија целосно го укина зимското сметање на времето во 2011 година, а Исланд е единствената европска земја која не воведе зимско и летно сметање на времето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

„Најголем ризик од инфекција има во затворените простори“, објаснува д-р Сара Кејт, професор по хирургија во Њујорк и додава дека отворените области се најбезбедни.

ДЕСЕТ МЕСТА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИЗБЕГНУВАТЕ ВО ДОБА НА КОРОНА!

За време на пандемија на коронавирус, многумина ги избегнуваат продавниците во трговските...

Во Европа, бројот на производителите на пиво се зголемил од 3.600 во 2010 година на 7.500 во 2017 година. Притоа, вкупното европско производство на пиво во 2017 година изнесувало 38 милијарди литри, а потрошувачката изнесувала 355 милијарди литри. Од даночните давачки со кои се оптоварува пивото во Европа биле собрани приходи од 40 милијарди евра.

Колку литри пиво годишно се пие во Македонија?

Пивото е алкохолен пијалак кој настанува со ферментација на скробеста супстанца (житни...

Тој изрази уверување дека правилното управување со пандемијата на вирусот корона ќе доведе до побрзо економско закрепнување, пренесува АНА.

ГРЧКИОТ ПРЕМИЕР НАЈАВИ: Ако се биде како што треба ќе ги отвориме границите на 1 јули!

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека земјата ќе ги отвори своите граници...

Во мијалникот има повеќе од 500.000 бактерии во просек - десет пати повеќе отколку во просечниот тоалет, потврдија студиите.

ОВДЕ СЕ НАОЃААТ БАКТЕРИИ И ВИРУСИ: Кои се највалкани места и работи во вашиот дом!

Секогаш во вашиот дом постои нешто што сè уште не сте успеале детално да го исчистите....