Марјановиќ на рочиштето кое се одржа во септември, негираше дека ја убил својата сопруга, а деталната одбрана ќе ја изнесе во вторник на судењето.

Објавил: Сара Фемина | 3 ноември, 2019 12:13

Започнува судењето на Марјановиќ за тешко убиство на сопругата: Му се заканува затворска казна од 40 години!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во реновираната палата на правдата во Србија, пред Вишиот Суд во Белград, во вторник на 5 ноември, започнува судењето на Зоран Марјановиќ, кој е обвинет за свирепо и тешко убиство на сопругата Јелена, на 2 април 2016 година во Борча.

Марјановиќ на рочиштето кое се одржа во септември, негираше дека ја убил својата сопруга, а деталната одбрана ќе ја изнесе во вторник на судењето. 

Во вторник на обвинителната клупа ќе седне Зоран Марјановиќ, кому ќе му се суди за тешко убиство, за што следи казна до 40 години затвор.

Вештачењето на мобилните телефони на пејачката, сопругот и целото семејство покажало дека Зоран го исклучил својот телефон штом стигнал на насипот во 16:38 часот и повторно го вклучил во 17:04 часот.

Според обвинението, семејството со патничко возило „мерцедес“, со кое управувала Јелена, дошло до рампата на стадионот, каде пејачката се качила на насипот за да џогира. Веднаш по неа заминал и Зоран, заедно со нивната малолетна ќерка Јана. Ја стигнал Јелена на околу километар од местото каде паркирале.

Ја искористил нејзината доверба и ја намамил да се спуштат во подножјето на насипот, кон каналот, додека Јана останала на насипот. Според обвинението, Јелена се спуштила со него на тревната површина покрај каналот и тука, Зоран прво со непознат предмет ја убодил во темето и во десниот лакт.

Тогаш Јелена, почнала да бега, но тој ја стигнал и ѝ скинал дел од тренерките.

И покрај тоа, пејачката продолжила да бега и влегла во каналот во кој имало вода. Зоран ја стигнал и, како што пишува во обвинението, со неутврден предмет ѝ задал повеќе удари по главата и ѝ го скршил черепот, а пред смртта пејачката вдишила вода од каналот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Пред три години, Србија избра претседател кој воспостави и спроведува политика на воена неутралност.

Вулин: Откако Вучиќ е шеф на државата, Србија е ПОДОБРА И ПОСИЛНА, а граѓаните се побезбедни!

Претседателот на социјалистичкото движење, Александар Вулин, вели дека Србија е подобра...

Мислам дека светот за 6 месеци се промени со голема брзина, отколку во претходните 20-30 години.

СВЕТОТ ПОСЛЕ КОРОНА ВИРУСОТ: Вучиќ- Светот се промени повеќе за 6 месеци отколку во последните 20 години

Меѓународната конференција „Светот после корона вирусот“ започна во Белград, во...

Авиокомпанијата го прекина сообраќајот кон средината на март, додека дел од возниот парк продолжи да лета, но не во патничкиот сообраќај, туку во транспортот на медицински материјал.

АВСТРИЈСКАТА АВИОКОМПАНИЈА СТАРТУВА ЛЕТОВИ: Од 15 јуни ќе започнат летови до 37 дестинации!

Од 15 јуни австриската авиокомпанија AUA ќе ги обнови закажаните летови кои беа прекинати...