Запрена е истрагата за  случајот „Империја” застана по донесувањето на начелното правно мислење и затоа е потребно што побрзо донесување на Законот за јавно обвинителство, изјави јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 август, 2019 17:08

Запрена истрагата за „Империја“- Стефанова тврди дека нема овластувања да побара каде е Камчев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Запрена е истрагата за  случајот „Империја”по донесувањето на начелното правно мислење и затоа е потребно што побрзо донесување на Законот за јавно обвинителство, изјави јавната обвинителка Лиле Стефанова.

– Нема друго решение. Само новите одредби кои ќе го вклопат СЈО и ќе му дадат право на редовното Јавно обвинителство да ги презема сите дејствија и во овие предмети – истакна Стефанова.

На прашање на новинарите дали се следи имотот на Камчев и дали има одмрзнувања, обвинителката Стефанова изјави дека се уште се е замрзнато и ништо не одмрзнато.

– Имаме известувања за сите дејствија кои ги презема Јордан Камчев, како претходно управител и член на управен одбор и преземаме законски дејствија кои можеме да ги преземаме во овој момент – изјави Стефанова, додавајќи дека Специјалното јавно обвинителство во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби од своето основање.

Стефанова побара од политичарите да го изгласаат што поскоро законот, но, и Советот на обвинители за да се најде решение околу новиот шеф на СЈО.

Прашана за тоа дали има информации и дали е вистина тоа дека Камчев е во соседна Бугарија, Стефанова, кажа дека нема овластување да побара каде е тој.

Стефанова уште еднаш пред јавноста соопшти дека од самиот почеток на работата на СЈО таа се оградувала од шефицата Катица Јанева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Разговорот најверојатно се води некаде на отворено, а може да се слушне лидерот на СДСМ како објаснува дека тој ги исчистил сите луѓе на Бранко Црвенковски од СДСМ, а потоа објаснува колку капитал имал.

ДВЕ НОВИ МЕГА БОМБИ ЗА ЗАЕВ: Јас го земав СДСМ, Бранко нема никакво влијание! Имам капитал 8,5 милиони евра, се сам финансирам!

Денеска нови аудио мега бомби од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“...

Последниот кој бил повикан како граѓанин за добивање на информации бил Зоран Милески Кичеец кој вчера попладне со адвокат се одзвал на повикот во полициската станица Карпош.

Нови „бомби“ за Заев и Јанушев: Кичеец бил во полиција и потврдил дека гласот е негов

Нови бомби во оптек, но партиските лидери уште не добија покана за да дојдат во полиција...

Во оваа насока, професор Марковски потенцира дека доколку се развие вакцина пред пред 2022, тоа само ќе биде потврда на теориите на заговор дека со нејзиното производство е започнато пред да се појави болеста и пред да се прогласи пандемија со Ковид-19.

ВЕЛО МАРКОВСКИ: Вакцина против вирус не се прави за една година

Некој што веќе се изборил со корона вирусот, не може повторно да биде позитивен, смета...

Директорката на Кумановската болница двапати беше во самоизолација, еднаш на почетокот на кризата кога се врати од приватно патување, а вториот пат кога член на нејзиното семејство присуствуваше на партискиот состанок по што беше откриено дека директорката на УЈП Сања Лукаревска е позитивна, но резултатите беа негативни.

Директорката на кумановската болница позитивна на Ковид – 19

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи...