Поради Ковид-19 инфектолозите станаа најбарани лекари, но кичевската болница не располага со ниту еден инфектолог!

Објавил: Стојче Бушин | 3 јули, 2020 21:23

Заразен оџа, затворени 8 џамии во градот – болницата во Кичево тешко се справува со ковид-19

Фото/Текст извор: ©Тв21

Болницата во Кичево со години се соочува со разни проблеми. Во последно време е забележан дефицит на медицински персонал.

Поради Ковид-19 инфектолозите станаа најбарани лекари, но кичевската болница не располага со ниту еден инфектолог.

Снимки покажуваат како функционирал Одделот за инфектологија во оваа болница, каде може да се види и дека во недостиг на простор, оваа зграда сѐ уште функционира за неколку специјалистички оддели.

Дека нема инфектолог и дека болничкиот капацитет е недоволен за справување со оваа пандемија, потврдува и директорот на болницата, Станко Трпески.

Како што вели, во Кичево е забележан раст на нови случаи на коронавирус.

Според него, кичевската болница има 12 до 20 кревети наменети за пациенти заразени со Ковид- 19, но сепак како што објаснува, не се соодветни за актуелната состојба.

Во Кичево е регистриран и случај на заразен од џамија, поради што Муфтивството затвори 8 џамии кои се наоѓаат во градот.

„Ги затворивме џамиите бидејќи ако ја затвориме само таа џамија каде колегата беше заразен, рековме дека верниците ќе одат во други џамии. Затоа одлучивме сите 8 џамии во градот да ги затвориме од недела до петок“, посочи Мурат Хусеини.

Бројот на заразени со Ковид-19 бележи раст и во Кичево. Според статистиките на Министерството за здравство досега се регистрирани 30 позитивни случаи, кои поради тешката здравствена состојба се лекуваат на клиниките во Скопје и Битола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Ќе забележите дека комарците помалку ќе ве напаѓаат ако редовно консумирате зеленчук и овошје, и ако го сведеме на минимум јадењето на храна богата со спорни киселини, што ги содржи секоја преработена храна, како што се млечни производи и месо.

ДОКТОР НЕСТОРОВИЌ ОТКРИВА: Еве како да се заштитите од комарците- оваа храна не треба да ја јадете!

Општо познато е дека комарците се хранат со човечка крв. Но, како што тврди пулмологот...

Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски! – порача министерот Филипче.

Обезбедени 61 единица плазма за третман на пациенти со ковид-19

Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19,...

Според експертите, топлата вода не дозволува размножување на вирусот односно доведува до негова потполна деконтаминација и истребување. Според нив хлорот во водата потполно ја губи способност за одржување на вирусот.

Конечно добра вест за коронавирусот: Откриено дали се размножува во вода?

Според најновото истражување од група експерти од Државниот истражувачки центар за...

Заштитна маска на лицето, држење физичка дистанца, често миење на рацете!

Клучно е да се почитуваат личните мерки за заштита и донесените протоколи за работа на плажите и базените од страна на СИТЕ

Со зголемениот број на посетители на туристичките места низ државата, клучно е да се...