Според нашите сознанија компанијата Фајзер е најдалеку отидена во овој дел, изјави Филипче во вчерашното гостување во дневникот на Сител.

Објавил: Владо Марин | 30 август, 2021 6:07

Засега препорака за трета доза само од една компанија, вели Филипче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека засега само американската агенција има дадено препорака за трета доза на Фајзер вакцина, но кај имуно компромитирани пациенти.

Тоа се, како што рече, пациенти кои се трансплантирани и оние со хронична дијализа. Филипче посочи дека според анализите, трета доза на Фајзер вакцина – бустер доза значајно ја зголемува нејзината ефикасност.

Во овој момент се уште траат испитувања во однос на тоа каков ефект има трета доза на вакцина. Една од последни студии која излезе беше студијата во Израел, која што укажа на тоа дека значајно се зголемува ефикасноста после дадена трета доза од вакцините.

Според нашите сознанија компанијата Фајзер е најдалеку отидена во овој дел, изјави Филипче во вчерашното гостување во дневникот на Сител.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 починати лица од Скопје (63г, 71г, 72г, 75г, 81г и 85г), 2 починати лица од Битола (63г и 80г) и по едно починато лице од Штип (69г), Кратово (71г), Струмица (57г) и Охрид (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани се 406 новозаболени со Ковид-19, починале 18 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно...