Турција досега регистрираше 425 смртни случаи поврзани со коронавирус и скоро 21 000 инфекции, од кои повеќето се пријавени во Истанбул, пренесува АФП.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 април, 2020 18:26

ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ ВО ТУРЦИЈА: Прекинати меѓународни летови и затворени училишта!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турција ги засили контролите денес на јавни места, еден ден откако претседателот Реџеп Таип Ердоган воведе употреба на маски за лице за борба против пандемијата на коронавирус.

Турција досега регистрираше 425 смртни случаи поврзани со коронавирус и скоро 21 000 инфекции, од кои повеќето се пријавени во Истанбул, пренесува АФП.

„Од сабота, секој што оди во продавници или пазари мора да носи маска за лице“, рече Ердоган, повикувајќи ги граѓаните да задржат „три-чекори“ растојание едни од други.

На пазарот во Истанбул, кој е отворен секоја сабота, официјалните лица ја мерат температурата на клиентите на влезот. Вели Илдирим, 50), кој продава зеленчук и тврди дека мерките дошле „премногу доцна“.

– Ние сме последни во споредба со остатокот од светот. Дури и тоа не е доволно, треба да има целосно „затворање“ во Истанбул – изјави Јилдирим за АФП.

Како дел од преземените мерки на национално ниво, властите ги прекинаа меѓународните летови, издадоа забрана за патување за лица под 20 и над 65 години и затворија училишта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Активисти од неколку синдикати протестираа пред седиштето на „Ер Франс“ на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз, за ​​време на денешните преговори за работни места во француската национална авиокомпанија.

АВИО-ГИГАНТОТ УКИНУВА 7.500 работни места: Добија 7 милијарди евра помош, а сега ги исфрлаат луѓето на улиците

Францускиот „Ер Франс“ и неговиот регионален огранок „Хоп“ објавија дека прекинуваат...

Претходно, Владата на Црна Гора донесе одлука да ги отвори границите на својата земја за девет држави, меѓу кои не е Србија.

СРПСКИ КОНТРАУДАР НА ОДЛУКАТА НА ЦРНА ГОРА: Забрането слетување на “Монтенегро ерлајнс” во Србија!

Врз основа на реципроцитетот, Дирекцијата за цивилно воздухопловство донесе мерка...

Тој рече дека „Ковид-19“ се шири брзо, особено во средини како што се старечки домови.

Директорот на СЗО порача: Корона вирусот е 10 пати посмртоносен од епидемијата свински грип во 2009 година!

Вирусот на корона е десет пати повеќе смртоносен од епидемијата на свински грип во...

„Целата одговорност за спроведување на полицискиот час е моја“, цитираше Саул за турскиот дневен весник Сабах.

Турскиот Министер за внатрешни работи ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Цела одговорност е моја, се повлекувам од функцијата!

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу денеска на Твитер објави дека...