
Македонија
Вести
На 09.01.2021, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршија контроли во угостителски објекти во Кичево.
Притоа, констатирано е дека еден угостителски објект во Кичево, не ги почитувал протоколите за работа на угостителски објекти поради што, од страна на Државниот пазарен инспекторат истиот е затворен.
На 09.01.2021 во 21.00 часот при контрола на угостителски објект во населба Св.Стефан во Охрид од полициски службеници од СВР Охрид во координација со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека објектот работел после 18.00 часот и во истиот биле затекнати пет лица, при што околу 22.00 часот, пред угостителскиот објект бил приведен, Д.Д.(38) од Охрид бидејќи го нарушил јавниот ред и мир.
Од Државниот пазарен инспекторат се преземени соодветни мерки за затворање на угостителскиот објект, а против пријавеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.