Огромен број контакти од вкупно дијагностицираните се во рамки на десет семејства, и тука се прават интервјуа, се ставаат луѓе во изолација, и се тестира согласно ризикот кој епидемиолозите го проценуваат од анкетите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јуни, 2020 17:02

Затворени шест конфекции во Штип- ќе се тестираат 600 вработени за Ковид-19!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Штип се затворени шест конфекции, дадени се 55 решенија за самоизолација, во текот на следните денови ќе се тестираат вкупно околу 600 вработени. Досега се направени 100 тестирања.

Денеска во Штип се затворени шест конфекции…(фото Алфа.мк)

Огромен број контакти од вкупно дијагностицираните се во рамки на десет семејства, и тука се прават интервјуа, се ставаат луѓе во изолација, и се тестира согласно ризикот кој епидемиолозите го проценуваат од анкетите.

Во однос на скринингот, во приватен дом за стари лица кој што има објекти во Ченто и Кадино, во едниот се позитивни две штитенички, а во другиот тројца вработени. Анализирани се сите контакти и дадени решенија за изолација.

Во однос на останатиот скрининг, продолжува во градинките. Има информација за позитивен полицаец од пограничната полиција, од странство, кој после враќањето во Унгарија бил тестиран и е позитивен и согласно тоа вчера се направени анкети и 30ина странски полицајци кои што се на јужната граница и 30ина наши полицајци кои биле во контакт со полицаецот кој заминал, ќе бидат денеска тестирани. Завршени се анкетите и се дадени решенија за изолација. За рестриктивните мерки кои што ги најавивме во текот на вчерашниот ден, Комисијата ги разгледува. Се уште нема одлука. Ги следиме информациите, бројките од денеска, ќе ги следиме и во текот на утрешниот ден и во текот на среда или четврток ќе се донесат соодветни одлуки.

Игнорирањето на вирусот и негирањето дека вирусот постои, нема да помогне во надминувањето на состојбата. Секаде во светот станува збор за имплементирање на истите мерки за заштита на населението и елиминирање или намалување на ризикот од ширење на заразата, маската, дистанцата, редовното миење, дезинфекција на раце – единствениот механизам кој што може да не заштити и како поединци, и како општество.

Состојбата на здравствениот систем, капацитетите на згрижување пациенти, големиот дел слободни болнички кревети, нискиот број заразени здравствени работници, бројот на слободни респираторни машини, познатите кластери, во изминатите неколку денови од анализа на контактите и сите други индикатори, укажуваат дека точно знаеме што се случува и имаме капацитет да се справиме и со овој бран на болеста. Има суштинска работа меѓу првиот и овој бран. Сега имаме друга состојба – имаме веќе знаење, ресурси, сериозно надграден здравствен систем.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, ќе трае до 21 часот на 15 јули

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите...

Вашиот глас ги менува работите. Со негласање им давате право на оние кои ве разочарале да продолжат тоа да го прават. Вашиот глас, пак, ни дава шанса нам, новата генерација политичари, политичари без хипотеки, да ги менуваме работите. Нам ни треба држава и власт која ќе ви служи вам.

Писмо од Мицкоски: Мојот сон е Македонија земја на среќни луѓе, на горда историја и наследство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на последниот ден од изборната кампања напиша...

Очекува гласањето и 15 јули да поминат мирно и достоинствено и оти нашите граѓани ќе покажат високо ниво на политичка свест и култура. Ги повика граѓаните да излезат и да гласаат и да бидат сигурни дека се здравствено заштитени.

Дерковски: Ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат – здравствено ќе бидат заштитени

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски на два дена пред почетокот...