Македонија
Вести
Народниот правобранител Насер Зибери вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека 80 отсто од затворите низ Македонија се преполни, а затвореници се сместуваат по ходници до изнаоѓање на решенија.
Тој додава дека затворениците некаде спијат по двајца во еден кревет, додека пак хигиената е на катастрофално ниво.
Зибери истакна дека имаат поднесено претставки кон министри и носители на јавни функции, министерства!
Имаме претставки и за работата на носителите на јавни функции, нема да кријам, дека со одредени ресори соработката оди тешко. Се разбира не за сите области и за сите проблеми, но за одредени прашања да – вели Зибери.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.