Од Интерпол е исто потврдено дека Мијалков има регистрирано место на живеење во Прага

Објавил: Македонка Димкин | 26 февруари, 2021 12:16

Затворска казна за Мијалков од 12 години

Фото/Текст извор: ©магазин

Одлуката ја донесе донесе петчлениот судечки совет во состав: Џенета Бектовиќ како прв судија, Владимир Туфегџиќ како втор и тројца поротници. Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје

 

Вкупно 55 години затвор и 10 години условен затвор определи денеска Основниот кривичен суд во Скопје за обвинетите за предметот „Таргет-Тврдина“, кој е основниот од аферата со масовното нелегално прислушување, односно се однесува на самото следење на комуникациите и на уништувањето на опремата на некогашната УБК.

Сашо Мијалков – 12 години затвор ( му се смета и времето поминато во затворски и во куќен притвор)

Гордана Јанкулоска – 4 години затвор

Горан Грујевски – 15 години затвор

Никола Бошковски – 15 години затвор

Надица Николиќ – 3 години затвор

Тони Јакимовски – 6 години затвор

Владимир Варелов – условна осуда од 2 години

Маријан Шумуликоски – условна осуда од 2 години

Силвана Златова – условна осуда од 2 години

Васко Исакоски – условна осуда од 2 години

Валентина Симоноски – условна осуда од 2 години

Ваква пресуда денеска изрече Основниот кривичен суд во Скопје за предметот „Таргет-Тврдина“ – еден од најважните случаи што ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а кој се однесува масовното прислушување во земјава од 2008 до 2015 година, како и за уништувањето на системите за следење на комуникацијата во сега згаснатата УБК.

Одлуката ја донесе донесе петчлениот судечкиот совет во состав од Џенета Бектовиќ како прв судија, Владимир Туфегџиќ како втор и тројца поротници.

Пресудата е првостепена и странките (обвинителството и одбраната) имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Сите обвинети, освен бегалците Грујевски и Бошковски, дојдоа да ја слушнат пресудата во судница.

Две истраги – едно обвинение

Случајот „Таргет-Тврдина“ околу година и половина е во надлежност на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, односно откако во септември 2019 година предметите од поранешното СЈО преминаа во рацете на редовните обвинителства. Меѓутоа, обвинителите што постапуваат во нив останаа исти, па така „Таргет-Тврдина“ пред судот продолжија да го застапуваат Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов.

Овој предмет претходно беше поделен во два. На 29 март 2016 година, тогашното СЈО прво отвори истрага „Тврдина“ за уништување на системите за следење на комуникациите во УБК, а на 17 ноември истата година отвори и истрагата со кодно име „Таргет“. Поради нивната поврзаност, кога поднесе обвинение, СЈО ги спои двата предмета во еден.

Во обвинението, СЈО посочи дека директно и индиректно со прислушувањето биле опфатени околу 20 000 граѓани. Незаконски биле следени 4 286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби. На други 1 541 број, пак, комуникацијата била следена и пред и по завршување на траењето на важноста на судските наредби. Или, вкупно биле следени 5 827 телефонски броеви.

22 декември 2017 беше датумот за кога беше закажан и стартот на судењето. По повеќе од три години судење, процесот влезе во финалето од првостепената постапка.

Обвинителката Ленче Ристоска по изрекувањето на првостепените пресуди за случајот „Таргет Тврдина“ побара ефективна мерка затворски притвор за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, бидејќи додека е во куќен не може да биде под 24 часовен видео-надзор, а истовремено има имот и две возила во Чешка.

„Сметаме дека не е доволна оваа мерка за обезбедување на негово присуство, туку бараме ефективен притвор.

По добиена потврда од МВР, полициската станица не поседува техничка можност за 24 часовен видео-надзор.

Од Интерпол е исто потврдено дека Мијалков има регистрирано место на живеење во Прага и возила на свое име во Чешка, а за тоа ќе ви ги приложам доказите

Се работи за доброситуиран со примарни бизниси, како и членовите на неговото семејство, и има финансиски можности да организира логистика и комотно да живее во бегство

Во судот доставуваме тековни состојби на компаниите каде што Мијалков е сопственик, како и членовите на неговот семејство“, рече Ристоска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Освен Фетаи во Вишото обвинителство во иднина ќе работат и обвинителите Бурим Рустеми, Наум Пановски, Сашо Трајчев и Снежана Георгиевска.

Советот за јавни обвинители ја понижи Ристоска: „Разочарана сум“, што не бев избрана за виш јавен обвинител

Во изјава за „360 степени“, обвинителката Ленче Ристоска не го криеше своето разочарување...

Обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од поранешното СЈО, како и Наташа Поп Трајкова од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Струмица и Катерина Колариќ од ОЈО Скопје ќе го засилат Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска.

Стефанова, Ајро, Пеливанов, Поп Трајкова и Колариќ се нови обвинители во тимот на Русковска

Тројца обвинители од поранешното СЈО и по една обвинителка од Скопје и Струмица ќе...

Претставниците на земјоделците го информираа претседателот Мицкоски дека обештетувањата уште не им се исплатени, иако поминал подолг период.

Мицкоски на средба со земјоделците од Арачиново и Гази Баба: Власта со години не им ги исплаќа средствата за обештетување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со претседателот на Комисијата...

Битиќи изрази задоволство со тоа што со овој инвестициски проект дополнително ќе се влијае на зголемување на извозот во нашата земја, а поради тоа што воведување на нова производна линија во погонот во Кавадарци и отворањето на новиот производствен погон во Куманово, ќе отворат нови можности за граѓаните од овие општини, но и ќе влијаат на локалниот економски развој.

Нова инвестиција во Кавадарци и Куманово во вредност од 16 милиони евра и околу 1000 нови работни места

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација...