Захариева ја советува Македонија да не се откажува при првиот проблем на патот за одобрување на Преговарачката рамка и предупредува дека допрва претстојат проблеми, а процесот не е лесен. И Бугарија, додава, минала таков пат.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 ноември, 2020 9:25

Захариева: За Северна Македонија ќе има место во Европската унија тогаш кога ќе биде подготвена

Фото/Текст извор: ©слободен печат

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева утринава изјави дека бугарската дипломатија не може да си дозволи да води политика на оцрнување на друга држава, каква според неа води Скопје, пренесува БГНЕС.

 За Северна Македонија ќе има место во Европската унија тогаш кога ќе биде подготвена. Моментално Бугарија не смета дека таа е подготвена, изјави Захариева.

Бугарија, како што рекла продолжува да биде поддржувач на проширувањето на ЕУ, но властите во Скопје, според неа, погрешно разбрале дека може да биде притисната и да ги смени своите позиции.

Захариева ја советува Македонија да не се откажува при првиот проблем на патот за одобрување на Преговарачката рамка и предупредува дека допрва претстојат проблеми, а процесот не е лесен. И Бугарија, додава, минала таков пат.

„Кога ќе се смират страстите, вклучувајќи и во Бугарија, и ќе почне да се мисли не толку емотивно, кога ќе прекинат да се придржуваат кон градењето држава, единствено и само врз антибугарска идеологија, тогаш ќе постигнат многу повеќе. Од вистината не може да се избега“, заклучи Захариева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Пописот е добар пример преку нашата проактивна улога да демонстрираме одговорност и посветеност кон дијаспората, која има важна улога во севкупните процеси на земјава.

Од понеделник стартува пописот, за првпат се попишува и дијаспората

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на заедничка прес-конференција со...

Вакцините од Кина беше најавено дека ќе пристигнат во февруари. Станува збор за 200.000 вакцини за кои Министерството за здравство потпиша договор за набавка и со кои практично требаше да започне масовната имунизација на населението.

ВРАТЕН АВАНСОТ ЗА КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ

Кина го повлекла авансот што Македонија го уплатила за вакцините против КОВИД. Од Министерството...

Откако јавноста притисна и имаше жестока реакција за пад на владата, Заев се спаси со договорот со Мијалков, но не за долго.

Дали Мијалков за два месеци ќе биде на слобода, тоа ли е договорот Заев – Мијалков?

Зоран Заев не спроведува правда. Зоран Заев се пазари. Излегува ли Сашо Мијалков на...

Тие, заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи извршија увид во изградба на магистралниот гасовод Скопје-Тетово Гостивар.

Бочварски-Реџепи: Оваа година завршува изградбата на магистралниот гасовод во Скопје

Оваа година завршуваме со изградба на магистралните гасоводи од Скопје до Гостивар...