Во парламентот таа порача дека Северна Македонија мора да надмине голем број стереотипи за да тргне на патот кон ЕУ.

Објавил: Стојче Бушин | 11 декември, 2020 12:27

Захариева: Македонија мора да надмине голем број стереотипи за да тргне на патот кон ЕУ

Фото/Текст извор: ©360

Неколку пораки и ставови изнесе бугарската вицепремиерка и министерка Захариева во нејзините два последни јавни настапи, во интервју за германското радио АРД, како и во бугарскиот парламент, каде што одговараше на пратенички прашања, пренесе 360!

Во парламентот таа порача дека Северна Македонија мора да надмине голем број стереотипи за да тргне на патот кон ЕУ.

„Добрососедството мора да стане дел од преговарачката рамка затоа што тоа се најсилните гаранции за Бугарија дека потпишаните документи ќе се исполнат и надгледуваат во текот на целиот процес на преговори, со јасни критериуми за напредок“, рекла Захариева испраќајќи порака до Скопје дека треба да има помалку емоции, а повеќе прагматизам, пренесува БГНЕС.

Таа повторно обвинува дека најголем проблем е неисполнување на Договорот од 2017 година, односно говорот на омраза, работата на историската комисија и гаранциите дека Северна Македонија нема никакви претензии за постоење на македонско малцинство во Бугарија.

Захариева пред пратениците истакнала неколку забелешки. Една дека работата на историската комисија е политизирана од македонска страна, како и тоа дека треба да се забрзаат инфраструктурните проекти, наведувајќи го Коридорот 8 како пример, особено во делот за железничко поврзување.

„Ние сме соседни земји, бугарскиот народ има пријателски чувства и покрај одвратната кампања и говорот на омраза од другата страна на границата“, рекла бугарската министерка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што објави денеска Телма, Министерството за внатрешни работи немало таква опрема за 24 часовно следење со аудио и видео.

МВР нема опрема за 24 часовен надзор на Мијалков со видео и аудио каков што определи судот

Сашо Мијалков требаше да биде под 24 часовен аудио и видео надзор, така одлучи Кривичен...

„Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам и Да, знам дека ќе поткупувате, уценување, лажете, крадете, притискате, но и тоа овој пат нема да ви помогне…

На Мицкоски му пукна филмот: Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам

Колку што време трошите на мене да ми наштетите, половина од тоа време да трошевте на...