Проблемот со историјата е во тоа што погрешните и лажни толкувања на настаните и луѓето имаат директно влијание врз актуелните случувања и тоа создава говор на омраза и негативна кампања против Бугарија и Бугарите, што за нас е апсолутно неприфатливо“, смета Захариева.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 ноември, 2020 19:12

Захариева се закани: Се додека постои говор на омраза во Македонија, ќе биде блокирана од Бугарија!

Фото/Текст извор: ©360

Бугарија го блокира почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија (ЕУ) сè додека не се напушти говорот на омраза кон сè што е бугарско, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во интервју за „Ефе“, пренесува БГНЕС.

Проблемот со историјата е во тоа што погрешните и лажни толкувања на настаните и луѓето имаат директно влијание врз актуелните случувања и тоа создава говор на омраза и негативна кампања против Бугарија и Бугарите, што за нас е апсолутно неприфатливо“, смета Захариева.

Таа во интервјуто порача дека С Македонија ги потрошила 30-те години независност за да го стимулира тој говор на омраза, што на крајот се одразило врз обичните граѓани во земјата.

Во интервјуто, уште еднаш повторила дека Бугарија никогаш не го негирала правото на постоење македонска држава, ниту нејзиниот суверенитет и желба да го нарекува јазикот како што сака, но сето тоа, нагласила, не треба да биде врз основа на лаги и негирања за начинот на кој е создадена нацијата.

Според Захариева, односите помеѓу двете земји треба да бидат како односите што денес ги имаат Шпанија и земјите од Латинска Америка.

„Земам пример од Латинска Америка. Фактот дека Аргентинците и Чилеанците зборуваат шпански јазик не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. Фактот дека во еден момент тие имаат заедничка историја не го намалува нивниот суверенитет денес. Напротив, тоа ги приближува“, вели Захариева.

Таа во интервјуто го поистоветува односот на Шпанија кон овие земји, со односот на Бугарија кон Северна Македонија. Во таа насока посочува дека исто како што Шпанија е најголем поддржувач на тоа ЕУ да биде поблиска до земјите од Латинска Америка, така Бугарија е првата земја што ја признала независноста на Македонија во 1991 г., а во 2018 г. ја ставила на дневен ред во ЕУ, европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Захариева во интервјуто уште еднаш ја критикува нашата земја дека престанала да го спроведува Договорот за добрососедство и пријателство и тоа што работата на историската комисија заглавила околу прашањата за борбата против османлиската окупација на крајот од 19. век.

„Република Северна Македонија има солидно искуство во непочитувањето на билатералните договори“, вели Захариева.

Според неа, спроведувањето на договорот престанало откако земјата влегла во НАТО.

Бугарската министерка во интервјуто зборувала и оти Бугарија има загриженост дека земјава има територијални претензии кон нив, како и за тврдењата дека таму постои македонско малцинство.

„Ова е уште еден обид за нарушување на историјата, тоа создава основа за иредентизам. И земјите како Шпанија, на пример, се свесни за опасноста од иредентизмот“, вели Захариева.

На прашањето, пак, дали европските партнери ја разбираат бугарската позиција, министерката одговорила дека и Грција не била разбрана, па 15 години го задржала своето вето кон Северна Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Нека водата што е симбол на давање живот и повторно раѓање на надеж биде присутна со своето благотворно дејство и во нашите души, тела и мисли.

Честитка од Џафери по повод Богојавление – Водици

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска до сите православни христијани...

Таа е обвинета во овој предмет токму во делот за уништувањето на опремата, односно во делот од случајот „Тврдина“, кој потоа беше споен со предметот „Таргет“ за прислушувањето.

Јанкулоска во „Таргет-Тврдина“: Не знаела дека потпишува уништување на опремата за прислушување

Судското рочиште на кое сведочат обвинетите во „Таргет-Тврдина“ е во тек. Во моментов...

Тој рече дека ова е договорено утрово во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одговорил на нашите барања до соседните земји за првична помош додека пристигнат дозите што се нарачани преку механизмот Ковакс и договорените со „Фајзер“.

Заев: Србија ќе ни даде 8000 Фајзер вакцини

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне...