„Гоце Делчев би требало да нѐ обединува, а не да нѐ разделува.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 јули, 2019 12:35

ЗАХАРИЕВА СЕ ПРЕДОМИСЛИ: „Не гледам што толку се караме за Гоце Делечев, тој треба да не обединува„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во разговор за „БНТ„ рече дека Гоце Делчев е заедничка историска личност за Македонија и Бугарија и дека не треба да ги разделува двете земји.

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Захариева во интервју за БНТ, рече дека не гледа зошто толку двете држави се караат за Гоце Делчев, затоа што оваа личност треба да ги обединува двете земји.

„Гоце Делчев би требало да нѐ обединува, а не да нѐ разделува. Имаме заедничка историја, така вели и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Она што сака да го каже Бугарија во овој договор, е вистината – Гоце Делчев е Бугарин, истакнат револуционер, еден од најважните фигури и за нив, кој се борел за автономијата на Македонија.

Не гледам што толку се караме за него, би требало оваа личност да да нѐ обединува, а не да нѐ разделува“, рече Захариева во разговор за „БНТ“

Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Македонија е пример за градење на добрососедските односи во регионот, истакна претседателот на бугарската Влада, Бојко Борисов на средба која ја оствари пред два дена со премиерот Зоран Заев, одржана на маргините од Самитот на земјите од Западен Балкан што се одржува во полскиот град Познањ во рамки на Берлинскиот процес.

Државите од Западен Балкан треба да вложат максимални напори за развој на односите со своите соседи од ЕУ. Несомнено еден од најдобрите примери за тоа е договорот меѓу Софија и Скопје што ја отвори можноста за отворање на преговорите со Северна Македонија за членство во Унијата, изјави Борисов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Да стоиме заедно со нашиот Претседател Христијан Мицкоски, заеднички да го трасираме патот за Обнова, а бидете сигурни во силата, затоа што Македонија ни го чува грбот, вели Мизрахи.

РАШЕЛА: Да го поддржиме Мицкоски, бидете сигурни во силата, Македонија ни го чува грбот

Ако се потсетиме само две поколенија наназад ќе се увериме дека сите сме или роднини...

Не само ние како СДСМ, туку и граѓаните сакаат правда. Но, тоа што немаме правда не е по наша вина. Интегритетот на судиите е во прашање и затоа постои големо незадоволство.

ЗЕКИРИ: Телевизијата на Бојан Јовановски имаше симпатии кон политиките на СДСМ

Ние оставаме простор за сите партии, но две имаат пројавено интерес, не е тајна дека...

Обвинителството ги штити Заеви. На денешното судско рочиште за случајот „Рекет“ беа прикажани снимки од ПИ мерките на МВР за следење на двајца обвинети во овој случај Зоран Милевски-Кичеец и Катица Јанева.

Да се објават тонските делови од снимките од средбите на Кичеец со Вице и на Заев со Јанева

Обвинителството ги штити Заеви. На денешното судско рочиште за случајот „Рекет“ беа...