Освен работата на историската комисија Захариева ја обвини Македонија и дека не го исполнува договорот со Бугарија и во инфраструктурата, а се блокирале и бугарските инвестиции.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 декември, 2020 11:57

ЗАХАРИЕВА: СЛАВЕЊЕТО НА ТИТО ОД ШИЛЕГОВ Е ИСТО КАКО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БЕРЛИН ДА ГО СЛАВИ ХИТЛЕР

Фото/Текст извор: ©24 вести

Тврдењата дека македонците се вештачки народ измислен во 1944 заедно со македонскиот јазик од страна на официјална Бугарија за шефицата на бугарската деипломатија не преставува говор на омраза кон соседот.

Освен работата на историската комисија Захариева ја обвини Македонија и дека не го исполнува договорот со Бугарија и во инфраструктурата, а се блокирале и бугарските инвестиции.

Захариева продолжи и со изнесување на таканаречени историски факти познати само на бугарската публика и сега тврди дека Скопје го слави Тито кој според неа убил милиони луѓе.

– Кон мене беа прилично брутални кога се осмелив да го искажам своето неразбирање затоа што ја славеа четириесетгодишнината од смртта на еден од најмрачните диктатори – Тито. За помалку од десет години тој убил речиси 1,7 милиони луѓе во поранешна Југославија. А тие таму го слават него. Градоначалникот на Скопје е партиски другар на Заев. Потоа веќе таму не бев толку популарна. Ама тоа е исто како градоначалникот на Берлин да дојде на идеја да го слави денот на смртта на Хитлер. – изјави Изјава Екатерина Захариева, министерка за надворешни работи на Бугарија.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевска пак за време на гостувањето во Студио 10 на ТВ24 вели дека во неговата општина нема да се вадат таблите на кои пишува бугарски фашистички окупатор, додека професорот Мерсел Биљали смета дека во Април или Јуни земјава ќе добие датум за преговори, но не треба премногу да очекуваме од процесот.

Претседателот на бугарскиот тим од мешовитата комисија за историски прашања, Ангел Димитров во интервју за „24 часа“ вели дека работата на комисијата е блокирана бидејќи според него македонските колеги не се откажувале од митовите од минатото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.

Мијалков спроведен од куќен притвор – во тек пресудата за „Таргет Тврдина“ (ФОТО)

Во моментов во тек е пресудата за предметот „Таргет Тврдина“. Судењето за „Таргет-Тврдина“...

Мицкоски посочи дека проблемот е што тој одлучува во моментов, проблемот е што неговите одлуки се погрешни и ја водат во бездна државата.

Мицкоски за случајот Мијалков: Не видовме одговорност затоа што криминалната мафија е заортачена

Кога не би било трагично, би било смешно. Принцот на лагата Заев, продолжува да лаже...