Овој датум, кој ја одбележува годишнината кога Бугарија и ги предала на Македонија останките на револуционерот, за Захариева е неприфатлив.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 јуни, 2019 15:58

Захариева со јасен став: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е БУГАРИН!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

По повод неприфаќањето на бугарската комисија за заедничко чествување на Гоце Делчев на датумот 7 октомври, министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, рече за Гоце Делчев е Бугарин односно дека самиот кажал што е по националност, а тоа го напишал десетина пати. 

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, рече дека овој датум, кој ја одбележува годишнината кога Бугарија и ги предала на Македонија останките на револуционерот, за неа е сосема неприфатлив бидејќи, се поврзува со Коминтерната и со Тито.

Според Министерката за надворешни работи на Бугарија, предавањето на коските на Гоце Делчев, е едно од најголемите предавства кон Бугарија.

-Гоце Делчев самиот кажал што е по националност, односно Бугарин, тоа го напишал десетина пати. Се додека продолжуваат да ги едуцираат своите ученици со лажниот национализам, ништо нема да се смени. Поентата е да се почне промена во менталитетот – рече Захариева.

Екатерина Спасова Гечева-Захариева (родена на 8 август 1975 година) — бугарски политичар која од 4 мај 2017 година ја извршува функцијата министер за надворешни работи на Бугарија.

Таа била привремен заменик-премиер и министер за регионален развој од 2013 година. Захариева е родена во Пазарџик во 1975 година. Дипломирала и магистрирала на Пловдивскиот универзитет по право.
Откако станала адвокат до 2003 година, таа станала и правен советник во Министерството за животна средина и вода. Влегувајќи во политиката во 2009 година, таа станала министер за регионален развој во владата на Росен Плевнелиев.

Кога Плевнелиев станал Претседател на Република Бугарија, тој ја избрал за позиција како еден од замениците на премиерите од март до мај во 2013 година. Таа била заменик-премиер во владата на Марин Рајков.

Во 2013 година била министер за регионален развој. Од 18 декември 2015 година била министер за правда до 27 јануари 2017 година. Таа станала министер за надворешни работи на Бугарија на 4 мај 2017 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според него, СДСМ скоро никогаш не победувале на избори, но кога ќе ја презеле власта, рече тој, прават национални предавства.

Мицкоски за Сител: Ако случајно дојде СДСМ на власт, тогаш ќе се случи федерализација, а втор чекор целосно уништување

Генерално би издвоил три дела од програмата, ние нудиме 1000 решенија за 1000 проблеми,...

Во нашата кампања промовиравме одлична идеја и голем сон. Сонот за еднаквост, сонот за прв премиер Албанец Македонија, порача Зибери од пред Собранието на Македонија.

ЗИБЕРИ: Наскоро ќе биде избран првиот премиер Албанец.

Денес автобусот „Оствари го сонот“ пристигна и на следната станица, пред Собранието....

Сликата сегде е тажна, мачна, луѓето не се задоволни од секојдневието, не се задоволни од оваа политичка пандемија наречена СДСМ и Заев која трае веќе три години. Но, народот се исправа и сака промени, сака обнова. На 15 јули доаѓа обновата во Македонија, потенцираше Мицкоски!

Мицкоски: Раководство на СДСМ ја донесе Македонија на дното и ја претвори во хибриден режим

Огромна победа е во најава, луѓето се обединуваат околу обновата, луѓето се решени,...

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, ќе трае до 21 часот на 15 јули

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите...