За заштита на животната средина лани биле потрошени над 144 милиони евра. Речиси третина од парите, над 50,5 милиони евра биле насочени кон отпадните води. Според еколошката намена, за заштита на шумите биле употребени убедливо најмалку средства – само 657 илјади денари или 10,6 илјади евра.
Во вкупната сума, близу 90 милиони евра се инвестиции, а остатокот ги опфаќа издатоците за одржување. Тоа се всушност двете компоненти кои ги сочинуваат трошоците. Гледано процентуално, учеството на инвестициите е 62,23, а на трошоците за одржување 37,77 отсто.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека според еколошката намена, со 35,01 процент предничат трошоците за управување со отпадни води (3.107.257.000 денари). Следуваат трошоците за постапување со отпад со 28,31 процент (2.512.614.000 денари), па со 20,93 отсто за циркулациски системи за снабдување со вода (1.857.640.000 денари).
Од аспект на намената, односно по секторите на економска активост, најмногу пари за заштита на животната средина се искористени во индустријата и специјализираните производители. Се работи за 4.381.994.000 илјади денари или 71,2 милиони евра (49,37%). Притоа, помалиот дел завршил во инвестиции (32,82%), а 67,18 проценти за одржување на средствата.
Статистиката вели и дека во вкупните плаќања и надоместоци за извршените услуги за заштита на животната средина, најголем е делот со 88,47 отсто за постапување со отпад.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.