Министерката за одбрана вели дека помина времето кога ваквите изјави на министри за одбрана се сфаќаа сериозно.

Објавил: Стојче Бушин | 21 октомври, 2020 19:33

За Владата изјавите на Каракачанов се недостојни и недолични

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вакви изјави се недостојни и недолични. Може само да изразиме оптимизам дека тоа не е став на мнозинството граѓани и на академската заедница во Бугарија.

Треба да се разграничи тоа што е работа на политичарите од работата на Мешовитата комисија за историски прашања“, изјави Душко Арсовски, портпарол на Влада.

Заканите не се начин на комуникација помеѓу две земји сојузнички во НАТО алијансата, возврати и Шеќеринска.

Министерката за одбрана вели дека помина времето кога ваквите изјави на министри за одбрана се сфаќаа сериозно.

Каракачанов вчера изјави дека Македонија треба да ги отстрани спомениците и деловите од учебниците на кои пишува бугарски окупатор ако сака да не се блокира меѓувладината конфенерција во декември.

Доколку е потребно ќе им го испратам инженерскиот полк да ги отстранат сите споменици кои не одговараат на историските факти.“, вели Каракачанов.

Бугарија не би сакала да биде пречка за европската иднина, беше пораката од бугарскиот премиер Бојко Борисов, која деновиве кај нас ја пренесе министерот за надворешни Бујар Османи. Во емисијата КЛИК ПЛУС на ТВ 21, на прашање од што зависи дали Бугарија  во ноември ќе даде зелено светло за пат кон ЕУ, Османи одговори:

„Постои можност да се олеснат некои грижи на Република Бугарија во однос на некои прашања. Ќе оставиме тоа да разговараме во билатералната комуникација меѓу двете држави, за да видиме дали е тоа доволно искористување на тој простор што постои да преминеме во втората фаза и да продолжиме со комуникација“, рече Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Оттука, со право можеме да прашаме, што е следниот чекор на патот кон Европа? Да почнат ниту да не ги огласуваат слободните работни места надвор од партиските штабови!?

Левица утре поднесува 61 барање за надзор до инспекторат за труд поради партиски вработувања во училиштата

Одамна се зборува за партизацијата на јавните служби, и одамна истата состојба сè...

Самото сервисирање на долгот (исплата на рати и камати) изнесува околу 30% од јавните приходи.

Предложениот лек за должничката криза е поопасен од самата болест од која е зафатена македонската економија

Јавниот долг забрзано се движи кон неодржливост. Нетранспарентноста, неотчетноста...

Но, ова е заедничка битка - чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме, потенираше тој!

Спасовски се врати на работа: Се вратив да продолжам да работам за доброто на граѓаните!

Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам...