Негативен резултат од ПЦР тест направен до 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар се задолжителни за влез во Грција, без разлика дали посетителите се вакцинирани, дали прележале Ковид-19 или се невакцинирани.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 јануари, 2022 6:12

За влез во Грција и натаму задолжителен негативен тест – ова се новите правила

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Aктуелните правила за влез во Грција воведени пред еден месец, продолжени се за уште две седмици и негативен тест ПЦР или рапид и понатаму е задолжителен за сите патници независно дали се вакцинирани или не, мерка што важи и за државјаните на Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19″ стапува во сила утре, а ќе важи до 7 февруари 2022 година во шест часот.

Негативен резултат од ПЦР тест направен до 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар се задолжителни за влез во Грција, без разлика дали посетителите се вакцинирани, дали прележале Ковид-19 или се невакцинирани.

Паралелно, нема промени и во однос на невакцинираните патници од 16 земји меѓу кои и од Македонија, кои освен негативен тест пред патувањето, потребно ќе биде да добијат и негативен тест на самата граница при задолжителното тестирање од грчките власти.

Министерската одлука веќе е објавена во Службен весник на Грција, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување кај јужниот сосед.

Согласно одлуката „сите патници во Грција, без разлика на националноста и начинот на влез во земјата, без разлика на вакцинацијата или прележана болест, мора да бидат тестирани негативно” со ПЦР во последните 72 часа пред нивното пристигнување во земјата или „алтернативно да се тестираат негативно со употреба на брз антиген тест во рок од 24 часа пред нивното пристигнување во Грција”.

Тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Растечката инфлација е глобална и достигна рекордно високо ниво од почетокот на 21 век. Ова предупредување го упати еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон во интервју за францускиот информативен канал LCI.

„За прв пат од почетокот на векот, гледаме толку високо ниво на инфлација. Тоа е глобален феномен кој е посилен во САД отколку во Европа“, рече тој.

Според него, последен пат ваква инфлација имало пред четириесет години, во 80-тите години на минатиот век. Еврокомесарот истакна дека инфлацијата почна да се забрзува уште пред конфликтот во Украина.

„Пандемијата на коронавирус, забрзувањето на економското закрепнување, цените на енергијата, суровините и ретките метали – како резултат на овие фактори, трендот на инфлација беше силен дури и пред украинскиот конфликт“, рече Бретон.

„Инфлацијата е особено распространета во САД и е многу тешко да се контролира“, рече тој. „Еден начин да се ограничи е да се зголемат банкарските каматни стапки, а овој процес веќе се случува во САД“, рече Бретон.

Според францускиот портал „Статиста“, просечната годишна стапка на инфлација во светот веќе изнесува 7,4%. Но, во некои земји, стапката на инфлација може да биде значително повисока поради локални фактори. Според „Статиста“, вкупната стапка на инфлација во речиси 80 земји може да се движи од 5 до 10 отсто во текот на годината.

Рекордна инфлација во светот од почетокот на векот

Растечката инфлација е глобална и достигна рекордно високо ниво од почетокот на 21...

Обединетите Нации (ОН) предупредија дека глобалните залихи на пченица паднаа на најниско ниво од 2008 година, бидејќи „залихите се погодени од појава што се случува еднаш во генерација“.

Светот има залихи на пченица само за уште 10 недели

Светот има залихи на пченица за уште само 10 недели, што е последица на руската инвазија...

Случаите се регистрирани во вкупно 12 држави. Првиот случај е потврден во Англија на 7 мај, а во последните две недели е раширен и во останатите 12 земји.

СЗО: Потврдени 80 случаи на мајмунски сипаници во светот, еве во кои земји се регистрирани

Светската здравствена организација потврди дека со вирусот на мајмунски сипаници,...

Говорејќи на самитот за храна во Њујорк, Гутереш апелираше до Русија да ја укине блокадата на Црното Море, која ги спречува испораките на украинско жито на прекуокеанските пазари.

Кризата со храна може да трае со години, вели шефот на ОН

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш предупреди дека недостигот...