Најново метео

Објавил: Сара Фемина | 24 септември, 2021 7:07

ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ВИКЕНД СЛЕДУВА ВИСТИНСКО ЛЕТО! НОВА ПОГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО И ВРНЕЖИ ОД ВТОРНИК

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Потоа за време на викендот, како и во понеделник ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, што значи дека истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината.

Нова промена на времето ќе имаме од вторник, кога ќе има повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на значително опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Попладне и навечер облачноста ќе се зголемува, со што ќе започнат нови врнежи од дожд а на планините врнежите ќе бидат од СНЕГ.

АРКТИЧКИОТ БРАН КОЈ ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ СНЕГ И ДОЖД СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ДЕТАЛИ

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и тоа особено...

И во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе има и услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Температурата ќе се искачи до околу 16 степени.

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА УШТЕ ПОГОЛЕМ СТУДЕН БРАН ОД АРКТИКОТ: СЕ ОЧЕКУВА ПРВАТА ПОГОЛЕМА СНЕЖНА ПОКРИВКА

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од...