ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС, ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ЌЕ СООБРАЌА ДО 22 часот!
Ве информираме дека од среда (10.03.2021 год) јавниот превоз ќе сообраќа до 22 часот.
◾Режимот на јавниот превоз е согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 22 до 5 часот, почнувајќи од денеска до 22.03.2021 година.
Останатиот распоред, до последниот посочен термин, е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје.
Ве потсетуваме дека и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела, времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту Жичарницата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.