И ако е од Малески – многу е

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 јули, 2018 9:09

За Денко Малески сме шизофрени!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првиот министер за надворешни работи [ 1991 – 1993 ] и поранешен претставник на Македонија во Обединетите нации [ 1993 – 1997 ] професорот Денко Малески во колумна за неделникот “Фокус” со недолична изјава.

Малески во преговорите Ахмети – Заев е еден од можните кандидати за иден претседател на државата.

“Шизофрената игра дека сме “за” НАТО и ЕУ и “за” уставното име – две нешта кои меѓусебно се поништуваат – конечно мора да престане – затоа што тоа не води никаде – води кон пропаст на државата.”

Малески својата дијагноза ќе треба да ја појасни пред народот. Имено Македонците по анкетите во 75% се против промена за уставното име Република Македонија а во 80%  населението на Македонија е за НАТО и ЕУ интеграции.

Малески е познат и по ставовите за промена на уставното име по секоја цена – итни НАТО и ЕУ интеграции но и итно имплементирање на т.н. Закон за употреба на јазиците. Малески е и еден од можните кандидати на СДСМ и ДУИ на претседателските избори 2019 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика