Никола Димитров го оспорува избирачкиот список по кој се реализираше референдумот, истиот оној по кој СДСМ во 2017 година освои убедлива победа на локалните избори

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 13:30

За Димитров референдумот пропаднал поради лош избирачки список, кој за СДСМ е идеален

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерот за надворешни работи на Македонија, Димитров, во очај, за пропаста на референдумот го обвини избирачкиот список, заборавајќи дека СДСМ го оцени за идеален и поради кој реализираше огромна победа на локалните избори во 2017 година.

Никола Димитров, изнесе неколку факти за референдумот, посочувајќи дека избирачкиот список не бил реален што влијаело на цензусот и негово неисполнување.

Димитров посочува дека позициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во рферендимот, затоа што, како што вели, партијата се плашела од пораз.

Министерот кој манифестира селективна меморија на социјалните мрежи напиша:

“Дали е факт дека на референдумот не гласаа повеќе од половината граѓани (903.169) од вкупно запишаните на избирачкиот список (1.806.336)? Да!

Дали е факт дека избирачкиот список не е воопшто реален, ако се земат предвид податоците на Фондот за здравствено осигурување? Да!

416.382 се малолетни лица, без право на глас, од вкупно 1.872.466 осигуреници. Дали стотици илјади граѓани ни се иселени? Да!

Дали е факт дека референдумот беше консултативен, односно незадолжителен? Да!

Дали е факт дека без формална излезност, одлука на народот, одлуката се враќа на институциите? Да!

Дали е факт дека со постигната излезност беа потребни само 441.585 гласови ЗА? Да!

Дали е факт дека имавме 609.813 гласови ЗА? Да. Тоа значи дека не ни требаа повеќе гласови ЗА, туку повеќе гласови ПРОТИВ. Дали е логично да фалат гласови ПРОТИВ, за резултатот да биде ЗА? Не е!

Дали е факт дека 609.813 граѓани се поголемо мнозинство од сите граѓани кои гласале на парламентарните избори во 2016 (1.191.854) и од сите кои гласале на локалните избори во 2017 (1.079.876)? Да!

Дали е факт дека во програмата на ДПМНЕ на страна 295 пишува дека референдумот ќе биде успешен доколку го поддржат мнозинство од граѓаните кои ќе ИЗЛЕЗАТ да гласаат, а не мнозинство од запишаните на избирачкиот список? Да!

Еве цитат: ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна и народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот кој го наметна Грција, да биде прифатено од страна на политичари поединци, Влада или Собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а при тоа мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референ- думот да се согласни со можното решение.

Дали е факт дека прашањето за референдумско консултирање на граѓаните за прашањето за името беше воведено од сегашната опозиција за сега да “апстинираат”? Да!

Дали е факт дека се плашеа од пораз и решија да не учествуваат (секоја чест на исклучоците) и да се кријат зад иселените, кои решиле да си ја бараат Европа надвор од Македонија? Да!

Дали е факт дека ова мнозинство граѓани, кое би победило и на парламентарните во 2016 и на локалните во 2017 сака Македонија да оди напред? Да!

Дали Собранието ќе најде сила да го слушне гласот на мнозинството? Гласот на народот? Ќе видиме деновиве.

Да имаше еден, ЕДЕН глас ПРОТИВ повеќе, ќе се поклоневме и ќе креневме раце. Но со вака убедливо мнозинство ЗА, наша должност кон народот е да најдеме начин да зачекориме напред, без или со нови избори.

Да беше лесно, немаше да биде историски. Напред и нагоре! Ќе не’ биде! – напиша Димитров.

Очигледно Никола Димитров често ги меша партиите кои се на власт и премиерите под кои работи, па со оваа изјава потврдува дека изборите во 2016 година кога за 2 пратеника не освоија победа и 2017 година кога СДСМ имаше огромен успех на локалните избори се фалсификат базиран врз нереален избирачки список.

Зошто Димитров пише постови по социјални мрежи кога со неговото огромно познавање на материјата може да покрене постапка пред надлежните органи?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Со 408 од 519 гласа Силјановска Давкова доби голема поддршка како претендент за претседател на Република Македонија.

Официјално Гордана Силјаноска кандидат за претседател на Македонија

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ ја избраа Гордана Силјановска Давкова за свој претседателски...

Очигледно Апасиев работи на тоа од Левица да направи сателит-партија на ВМРО-ДПМНЕ, а за себе да си обезбеди пратеничко место преку листите на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори.

Савески : “Апасиев соработува со ВМРО ДПМНЕ, тој изврши пуч на Левица”

Здравко Савески кој е член на преизидумот на политичката партија Левица и основач...

Сега и официјално сме Северна Македонија, сменивме многу симболи во целата наша земја и секако ја очекуваме првата посета на Алексис Ципрас, можеби во март или април,

Заев : „Ќе слетам во Грција со владиниот авион на кој ќе пишува Република Северна Македонија„

За Независната балканска новинска агенција (ИБНА) премиерот Заев изјави дека, прва...