Од кумановската болницата посочуваат дека има добра екипираност на медицинскиот кадар. Посебно значајно е што неопходната здравствена услугата се обезбедува на едно место, што дава подобра можност за комуникација, консултација и решавање и на најтешките случаи.

Објавил: Владо Марин | 10 септември, 2020 7:11

ЗА ЕДНА ГОДИНА ВО НОВИОТ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА ИЗВРШЕНИ 50 ИЛЈАДИ ХИРУРШКИ И ОРТОПЕДСКИ ПРЕГЛЕДИ И ИНТЕРВЕНЦИИ​

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во новиот ургентен хируршки центар, сместен во кругот на Општа болница Куманово, за една година од пуштањето во употреба кон крај на јули, минатата година, до денес се извршени 34.100 хируршки и 8.000 отропедски прегледи. Направени се и 7.600 преврски, имобилизации, како и други хируршки интервенции, посочува директорката на ОБ Куманово, д-р Снежана Захариева.​ 

Комплетно новиот објект на Ургентниот центар е со површина од 750 метри квадратни и овозможува над 200 илјади граѓани од североисточниот регион, на едно место да добијат хируршки, ортопедски и анестезиолошки третман со современа медицинска опрема во амбулантите и во дневната болница.​ 

Од кумановската болницата посочуваат дека има добра екипираност на медицинскиот кадар. Посебно значајно е што неопходната здравствена услугата се обезбедува на едно место, што дава подобра можност за комуникација, консултација и решавање и на најтешките случаи.

Во ургентниот центар се третираат пациентите кои доаѓаат со упат од матичен лекар, но и тие кои дошле за некоја ургентна или животозагрозувачка состојба.​ 

-Продолжуваат инвестициите во кумановската болница, се чека новиот оперативен стол за офталмолошката сала, набавен е и тимпанометар за ОРЛ одделот, обезбедени се и поголем број монитори, а се планира и преуредување на одделот за неврологија, каде ќе се набави и нов ЕЕГ апарат со средства од болницата, посочува директорката Захариева.​ 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Мизрахи: Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно, заглавен до гуша во скандалот Онкологија неговиот прес е безмалку бесрамен

Мизрахи до Филипче: Заглавен сте до гуша со скандалот Онкологија

Венко Филипче како поранешен министер за здравство во владата на СДС, а сега како претседател...