„Изминатите неколку недели, за жал, сведоци сме дека епидемијата на коронавирусот не само што не стивнува, туку уште повеќе го зголемува својот интензитет, што се рефлектира преку голем број на новоинфицирани лица.

Објавил: Стојче Бушин | 21 октомври, 2020 15:49

За една недела извршени 2.183 контроли, инспекциите продолжуваат со интензивни контроли и за новите мерки

Фото/Текст извор: ©сител

Во периодот од 12 до 18 октомври, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот трудов инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за лекови и медицински средства реализираа вкупно 2.183 контроли, во врска со законите по кои постапуваат, како и по однос на одлуките на Владата од кои произлегуваат протоколите за спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти на денешната прес-конференција, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Во продолжение е интегралното обраќање на Филиповска-Грашкоска:

„Изминатите неколку недели, за жал, сведоци сме дека епидемијата на коронавирусот не само што не стивнува, туку уште повеќе го зголемува својот интензитет, што се рефлектира преку голем број на новоинфицирани лица.

Оваа состојба доведе до предлагање на нови мерки кои дел се во надлежност на инспекциските служби , а дел на други органи со кои инспекциските служби постојано соработуваат. Инспекциските служби кои вршат надзор и контрола на почитувањето на одлуките кои ги носи Владата, ќе продолжат со редовни и интензивни контроли на терен и изрекување на казни, за оние кои не ги почитуваат здравствените КОВИД протоколи.

Искрено очекуваме, дека ќе се подигне колективната свест  и  преку почитување на мерките за заштита на јавното здравје сите заеднички ќе придонесеме за намалување на ширењето на коронавирусот.

На вчерашната владина седница, се усвои предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој работното време за економските оператори се ограничува до 23:00 часот, како и за ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници, предвидени во едно возило. Денеска ќе се објават овие мерки во Службен весник, со што веднаш ќе стапат на сила. Апелирам до сите економски оператори да ги почитуваат овие одлуки,  а инспекциските служби редовно ќе вршат контроли за почитување на сите здравствени протоколи.

Во периодот од 12 до 18 октомври, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот трудов инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за лекови и медицински средства реализираа вкупно 2.183 контроли, во врска со законите по кои постапуваат како и по однос на одлуките на Владата од кои произлегуваат протоколите за спречување на ширењето на коронавирусот.

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат,  во посочениот период, извршија вкупно 1.180 контроли, од кои 538 инспекциски надзори се спроведени согласно материјалните закони по кои оваа инспекциска служба постапува меѓу кои се и  Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност…( Закон за градежни материјали; Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето). Дополнително пазарниот инспекторат изврши  642 контроли по основ на здравствените Протоколи за  работа на угостителски објекти.

При овие надзори, од страна на Државните пазарни инспектори изречени се вкупно  24 прекршочни пријави за нерегистрирана дејност, пречекорување на работно време и слично, како и 7 кривични пријави за угостителски објекти од кои 2 кривични се за организирање на свадби во Тетово и Скопје, и уште 5 кривични пријави за угостителски објекти во Скопје кои не ги почитувале протоколите во смисла на дозволено растојание помеѓу поставените маси, број на маси и слично.  Дополнително,  изречени се 52 решенија и 76 прекршочни платни налози за различни субјекти на територијата на целата држава.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат, покрај активностите поврзани со издавање на 5243 решенија за здравствен надзор и домашна изолација на заболени лица од КОВИД-19, како и на лица кои биле во контакт со позитивен на КОВИД-19, спроведе вкупно 116 надзори во субјекти во нивна надлежност, односно во приватни и јавни здравствени установи, домови за стари лица и други правни субјекти во нивна надлежност, а во врска со почитување на протоколите за заштита на медицинскиот персонал и за прием и постапување со инфицирани пациенти од коронавирусот КОВИД-19, за што се донесени 13 решенија за констатирани неправилности.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Реално би било тоа да се случи во првите месеци од 2021 година, вели за „Фокус“, Проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет, УКИМ која е Претседател на Комитетот за имунизација.

Вакцината против Ковид во Македонија ќе стигне првите месеци од 2021, прво ќе се вакцинира 20 отсто од населението

Македонија ќе ја добие онаа вакцина која прва ќе биде регистрирана и одобрена преку...

Во Словенија во последните 24 часа со 1.742 спроведени тестирања потврдени се 470 нови коронаинфекции, а од последици на компликациите предизвикани од заболувањето Covid-19 починале уште 45 лица, соопшти во понеделникот словенечката влада.

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: 59 милиони заразени со коронавирусот во Светот

Денеска бројката на заразени со коронавирус во Светот, стигна до 59 милиони. Починаа...