Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 343 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Објавил: Стојче Бушин | 17 септември, 2020 12:25

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 215 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на изминатата недела (10.09 – 16.09.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 215 возила од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 28 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 187 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 343 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Од нив, 28 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Со бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација, деновиве заврши целосната реконструкција на коловозот од булеварот Видое Смилевски Бато во општина Аеродром.

РЕКОНСТРУИРАН БУЛЕВАРОТ ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО ВО АЕРОДРОМ

Со бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација, деновиве заврши целосната...

На улицата Никола Карев од четирите постојни сообраќајни ленти сега се направени три со што е обезбеден простор за велосипедистите.

УЛИЦАТА НИКОЛА КАРЕВ ПУШТЕНА ВО СООБРАЌАЈ СО НОВ ПРОСТОР ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ

Екипите на Град Скопје деновиве ја завршија реконструкцијата на коловозот на улица...