Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 338 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 ноември, 2020 10:29

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 229 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на изминатата недела (19.11 – 25.11.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 229 возила од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 27 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 202 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 338 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Од нив, 27 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

„Поради одлуките на владите поврзани со КОВИД-19 и ограничувањата на патувањата ширум светот, 2020 година беше многу тешка година за авијацијата, следствено на тоа и за ТАВ Македонија

За 71 отсто намален бројот на патници од аеродромите во Скопје и Охрид

Поради ковид-19 кризата, македонските аеродроми во Скопје и Аеродром бележат 782.876 патници,...

Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.

23 отсто помалку сообраќајни незгоди во декември, вчера 53 санкции за брзо возење во Кочани, 10 неисправни возила за јавен превоз

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи...

Се осврна и на инцидентите со несовесно возачи кои улетуваа на плоштади со цел да бидат атракција на социјалните мрежи.

Спасовски: Воведуваме поригорозни казни во сообраќајот оти животот и безбедноста на граѓаните ни се најважни

„МВР има задача да прави анализа на спроведување на законските решенија. Неприменливите...

Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли.

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ 120 ВОЗИЛА

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците...