Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 308 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Објавил: Стојче Бушин | 29 октомври, 2020 9:56

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 239 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на изминатата недела (22.10 – 28.10.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 239 возила од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 29 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 210 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 308 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Од нив, 29 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Со оваа инвестиција, манастирот ќе биде подостапен за сите верници, добронамерници, туристи, љубители на манастирскиот туризам.

Започна асфалтирањето на паркингот на Лешочкиот манастир, Општина Теарце

На овој голем празник, Св. Архангел Михаил, започна асфалтирањето на паркингот на Лешочкиот...

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 246 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (12.11 – 18.11.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети...

Полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема согласно ставот (1) на овој член.

ЗИМСКИ ГУМИ: Започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата

Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот...

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози!

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, известува АМСМ! Од 15.11.2020...