Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Објавил: Мартин Попоски | 19 ноември, 2020 9:31

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 246 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на изминатата недела (12.11 – 18.11.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 246 возила од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 36 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 210 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 367 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 36 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ОТСТРАНЕТИ 142 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (15.01 – 20.01.2021 година) со специјалните возила пајак се...

„Поради одлуките на владите поврзани со КОВИД-19 и ограничувањата на патувањата ширум светот, 2020 година беше многу тешка година за авијацијата, следствено на тоа и за ТАВ Македонија

За 71 отсто намален бројот на патници од аеродромите во Скопје и Охрид

Поради ковид-19 кризата, македонските аеродроми во Скопје и Аеродром бележат 782.876 патници,...

Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.

23 отсто помалку сообраќајни незгоди во декември, вчера 53 санкции за брзо возење во Кочани, 10 неисправни возила за јавен превоз

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи...