Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 173 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 јануари, 2021 10:51

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 86 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во текот на изминатата недела (31.12.2020 – 07.01.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 86 возила од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 14 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 72 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 173 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Од нив, 14 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Протестот е планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.

Посебен режим на сообраќај поради протест во Скопје!

Посебен режим на сообраќај поради протест во Скопје! На 19.02.(петок), 22.02.(понеделник)...

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

105 санкционирани возачи во Скопје: 13 без возачка дозвола, 6 возеле под дејство на алкохол!

105 санкционирани возачи во Скопје: 13 без возачка дозвола, 6 возеле под дејство на алкохол! Министерството...