Најголем дел од заразените се текстилни работнички, при што пет конфекции се затворени поради ескалирање на состојбата.

Објавил: Стојче Бушин | 3 јуни, 2020 7:18

За експлозијата на вирусот во Штип единствено виновни се лакомите газди и власта која ги штити

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Откако пред неколку дена пандемијата почна да се шири во една од текстилните фабрики во Штип, само за неколку дена вирусот експлодираше и во моментов Штип како општина има најмногу заразени, со дури 27 случаи за 24 часа.

Најголем дел од заразените се текстилни работнички, при што пет конфекции се затворени поради ескалирање на состојбата.

Иако фирмите се обврзани да ги почитуваат мерките од Центарот за Јавно Здравје, дознаваме дека изминатиов период ниедна од мерките не била испочитувана. Дополнително, работниците продолжиле да бидат колатерална штета поради несериозниот пристап на локалните газди, при што биле транспортирани до работните места во преполни автобуси, иако правилата налагаат строго растојание од 1.5 до 2 метри! Покрај тоа, со цел да заштедат и остварат поголем профит, сопствениците на конфекциите не обезбедиле заштитни маски, иако законски се обврзани.

Не била испочитувана ниту задолжителната дезинфекција на автобусите помеѓу две смени. Заштитни маски за време на работа биле реткост и тоа само ако работниците си обезбеделе самоиницијативно, иако газдите јасно се обврзани да ги обезбедат на секој вработен.

За разлика од работниците, сопствениците и раководниот кадар биле постојано заштитени со маски, за што сведочат самите работници. Сето ова се случува под ”будното око” на Државниот Трудов и Пазарен Инспекторат, кои и покрај бројните поплаки, скоро и да не откриле ниеден пропуст во почитување на мерките за заштита?

Општинските власти, кои останаа неми на повиците на работничките дека се праќаат незаштитени на работа, не само што не направија ништо да им помогнат – туку градоначалникот на Штип Благој Бочварски вчера имаше дрскост да ги обвини единствено граѓаните, притоа бегајќи од сопствената одговорност.

Ги повикуваме властите својата неспособност во справување со кризата да не ја префрлаат на граѓаните, да соберат храброст и да го адресираат проблемот каде што треба и конечно да им се спротивстават на алчните профитери кои мислат само на сопствениот финансиски интерес, притоа загрозувајќи ги работниците! Изживувањето на газдите со текстилните работници е недозволиво, не смее и нема да помине!


Реакција на ЛО Левица – Штип.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, ќе трае до 21 часот на 15 јули

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите...

Вашиот глас ги менува работите. Со негласање им давате право на оние кои ве разочарале да продолжат тоа да го прават. Вашиот глас, пак, ни дава шанса нам, новата генерација политичари, политичари без хипотеки, да ги менуваме работите. Нам ни треба држава и власт која ќе ви служи вам.

Писмо од Мицкоски: Мојот сон е Македонија земја на среќни луѓе, на горда историја и наследство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на последниот ден од изборната кампања напиша...

Очекува гласањето и 15 јули да поминат мирно и достоинствено и оти нашите граѓани ќе покажат високо ниво на политичка свест и култура. Ги повика граѓаните да излезат и да гласаат и да бидат сигурни дека се здравствено заштитени.

Дерковски: Ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат – здравствено ќе бидат заштитени

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски на два дена пред почетокот...